Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Мора да се одговара за злоупотребата на јапонската помош

0
By Нова ТВ on May 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 15, 2016 12:43

Дополнителниот заменик – министер за земјоделство Љупчо Николовски реагира дека повеќе од една недела актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски се кријат од јавноста за, како што вели, скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“ и за договорот со Фактор Консалтинг.

„Министерството преку соопштение потврди дека е формирана комисија. Токму таа комисија во извештај доставен до министерот констатира дека од сметката на компензацискиот фонд повлечени се стотици илјади евра БЕЗ ПОКРИТИЕ.

Значи не  дополнителниот заменик министер, туку тоа го констатирала Комисијата формирана од актуелниот министер Цветков.

Нема правдање дека таков извештај постои и е доставен до министерот. Токму тој извештај официјално е доставен и до Кабинетот на Дополнителниот заменик министер.

Во јавност презентиравме нови докази од кој се гледа дека од 2011 до 2016 година во фондот се наплатени50.714.186 денари. Согласно договорот кој беше доставен до јавноста, Фактор Консалтинг покрај месечниот паушал ќе наплати и износ од 4.5 % од вкупно наплатениот износ на средства во фондот. Согласно овие официјални податоци тој износ е 2.282.138 денари. Но, од сметката на Јапонскиот фонд се исплатени 6 пати повеќе пари или точно 12.402.378 милони денари.

Вистината е како шило. Неможе да се сокрие. Ќе мора да одговорат на прашањата.“ рече Николовски.

Дополнмителниот заменик – министр прашува како тоа може од сметка на министерството што е наменета за прибирање на стрaнска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие, констатирано од страна на Комисијата на министерството?

„Како може да се исплаќаат овие средства од сметка која е строго наменска и може да се користи само за намена за револвинг набавка на земјоделска механизација?

Како може аболицираниот министер Љупчо Димовски да потпише ваков договор? Кој ќе ги врати овие средства во Јапонскиот фонд ?Одговорност мора да има и ќе има!

Уште еднаш бараме Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства.“ вели Николовски.

Димовски јапонска помош Љупчо Николовски Министерство за земјоделство Николовски Светков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.