НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина 26 годишна родилка,се испитува што довело до смрт

0
By Менче Атанасова Точи on May 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Официјално, според директорот на гинекологија Чаир, младата жена во болницата дошла во 9 и 30 часот изутрината во тешка состојба со отежнато дишење, цијанидни, помодрени усни по што веднаш била качена на интензивна нега каде што била реанимирана и и бил даден кислород. Но, состојбата станувала се подраматична, родилката почнала да запаѓа во кома. По еден час реанимација, докторите одлучиле да ја породат, за да го спасат бебето.

„ Младата жена дојде одненадеж  и побара помош. Беше околу 35 та недела во бременост, што значи осми, деветти месец. Не ја познаваме, бременоста не е следена тука.  Ние веднаш почнавме да ја анимираме, но состојбата стануваше критична. Во тој момент размислувавме и за бебето, затоа одлучивме да направиме царски рез барем него да го спасиме, бидејќи се губеа тоновите и кај бебето“, изјави за НОВА,Башким Исмаили директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

По операцијата со царски рез, со возило на Итна медицинска помош, со двајца анестезиолози и гинеколог во придружба, родилката околу пладне била пренесена во Градската хуруршка болница „Св. Наум Охридски“.

„Направивме се што е во наша можност, дури повеќе од тоа. Тука се случуваше вистинска драма, цела болница помагаше, сите беа на нозе“, рече Исмаили.

НОВА, од лекарски извори во Градската хируршка болница дознава , дека младата родилка била донесена во 12 и 30 часот со раширени зеници, во многу тешка состојба. Лекарите дури не успеале да ги направат сите потребни испитувања, се обидувале да ја спасат, но едното белодробно крило воопшто не и функционирало.  Таа починала во 17 и 30, а телото веднаш било предадено на обдукција. Бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести.

Лекарите не сакаат да шпекулираат што довело до компликации кај родилката, се додека не биде готов наодот од обдукција. Неофицијално, се претпоставува дека  станува збор за некој напреден малигнен процес или емболија на белите дробови.

почина родилка се испитува причината
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.