НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, а СДСМ крах на демократијата

0
By Нова ТВ on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На вчерашниот втор круг од локалните избори ВМРО ДПМНЕ ја освои локалната власт во 56 општини. Наспроти нив опозиционерите добија доверба во 4 општини.

Победа на овие локални избори прогласи владеачката партија и во етнички албанскиот етнички кампус, ДУИ освои 5 градоначалнички функции додека опозициската ДПА има победа само во Струга.

За владеачките партии овие избори се потврда за нивната работа додека опозиционерите обвинија за голем број на нерегуларности во избирачкиот процес.

Премиерот Никола Груевски вториот изборен круг го оцени како успешен и како победа на сите граѓани и на Република Македонија. Наспроти лидерот на ВМРО ДПМНЕ, лидерот на опозицискиот СДСМ изјави дека изборите не се демократски.

„И ова што го видовме на овие локални избори е само кулминација на тоталитаризмот на режимот на Никола Груевски. Се применија сите досега познати, а богами и непознати тактики и стратегии за фалсификување на волјата на граѓаните. За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас не беа легитимни.“ изјави Бранко Црвенковски.

Од ВМРО ДПМНЕ на овие обвинувања одговорија дека се обид на опозиционерите да најдат алиби со кое пред јавноста ќе го оправдаат поразот.

Невладините организации кои го мониторираа изборниот процес тврдат дека изборите поминаа со многу нерегуларности. Регистрирани се притисоци врз гласачи , носење на гласачи од Пустец, семејно гласање, искористување на неписмени лица, јавуваат од невладините Цивил, Мост и Хелсиншкиот комитет.

Во текот на денешниот ден својот прелиминарен извештај за текот на изборите пред јавноста ќе го презентира и набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.