НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена Револуција: Нашето трпение помина, од понеделник радикализација

0
By Нова ТВ on June 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните обединети под антивладиното движење Протестирам и Шарената револуција од понеделник најавуваа бескомпромисен план за излез од кризата. Датумот 6. Јуни се совпаѓа со годишнината од смртта на момчето Мартин Нешковски, кој беше убиен од страна на полицаец во 2011. на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Со цврсти рокови од кои нема да има отстапување, бидејќи црвената линија на трпението е премината, демонстрантите на денешниот протест најавија дека можеби од понеделник нема да ги гледаме секој ден од шест, но ќе ги има секојдневно.

-Досега им дадовме доволно време, дојде часот да ставиме крај на оваа криза. Ве повикуваме сите на 6. јуни во 18 часот пред Специјалното обвинителство да го најавиме крајот на криминалното владеење во Македонија. Бидете точни, да бидеме бројни и да бидеме гласни. На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме. Нашето трпение помина, нема повеќе изговори и бегање од граѓаните. Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден, се посилни, се похрабри, од шести јуни, повеќе ништо нема да биде исто, порача активистот Демијан Хаџи – Ангеловски.

Според Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика, власта имала доволно време да ги исполни реформските приоритети, но не го сторила тоа.

-Единствена реформа што ја направија е да избегнат одговорност политичка и кривична. Веќе нема да им се може. Од нас зависи, не можеме да чекаме странците, колку и да сакаат да ни помогнат да ни донесат решение и правда и да се изборат за нас. Само ние можеме да се избориме за нашата правда, за нашата слобода, порача Ристевска-Јордановска.

Денешниот протест на „шарените“ беше со фокус на десетиците кривични пријави кои неделава МВР ги издаде на демонстрантите. Со транспарент „ „Вие кривични, ние похрабри“, демонстрантие порачаа дека со ваквите одлуки, поддржувачите и службениците на власта „резервираат“ погрешно место во историјата.

-Со кривични пријави и извршни судски дописи малтретираат припадници на Шарената револуција. Нив знаете како ќе ги стигне казната? Кога нивните деца и внуци ќе се вратат дома расплакани, затоа што децата ќе речат – ти си тој, синот, внукот, на оној кој беше соработник на окупаторот. Нема да имаат одговор на прашањето „Каде бевте вие тогаш“, единствено ќе сакаат да зине земјата и да ги проголта, а тоа ќе биде казната, рече вели екс-министерот за култура Ѓунер Исмаил.

Протестот и денеска започан традиционално во 18 часот пред Специјалното обвинителство. Оттаму колоната тргна кон Влада, каде додека „командосите“ ја торпедираа фасадата со боја, демонстрантите скандираа „Многу ни е добар чаталот“. Боја имаше и за фасадата на Собранието.

Денеска на протестите се појави и импровизирана гатачка, инспирирано од последните видеа кој ја разбранија јавноста во кои наводно премиерот Груевски се советува со гатачка за својата кариера.Таа како што вели, предвидувала неславен крај за владејчката партија а победа за Шарената револуција.

Граѓаните обединети под Шарената револуција веќе осум недели преку протести бараат повлекување на целосната одлука за аболиција и оставка на Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

#шаренареволуција протестирам радикализација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.