НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и сопартијците тврдат дека „Космос“ е срушен законски

1
By Нова ТВ on June 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

trojcanaraspit

Екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во случајот ТНТ, но негираат незаконско постапување од нивна страна.

Сите тројца се обвинети од страна на Специјалното обвинителство дека незаконски нарачале рушење на објектот „Космос“ во Гази Баба во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски, а истрагата против нви се активира откако претседљателот Иванов ја укина колективната аболиција со која беа опфатени и тие.

СЈО бара судот да им одреди мерки на претпазливост, а тоа значи – да им се одземат патните исправи, да имаат обврска се јавуваат во Судот или да им се одреди мерка домашен притвор.

Од судот велат дека одлуките на судијата на претходна постапка ќе бидат соопштени по завршувањето на распитот на сите осомничени во случајот. Освен Груевски, Трајковски и Јанакиески, СЈО за незаконско рушење на Космос ги обвинува и градежната инспекторка од општина Гази Баба,која е првоосомничена и уште три лица од Комисијата за јавни набавки на општината.

Наредбата  за уривање на објектот , како што тврди СЈО незаконски се реализирала преку општина Гази Баба, а причината била политичка одмазда бидејќи Фијат Цаноски, како претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ) ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Распитот во Кривичниот суд за екс-премиерот Груевски траеше околу еден час. Тој по дадениот исказ пред судија, даде изјава и за медиумите, во која обвини ека СДСМ и СЈО се обидуваат да го оцрнат, па така тој ќе требало да се правда, иако како што тврди немал вина.

-Бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам дали некој верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои  се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, но тоа ниту ќе го сторам ниту е вистина, ниту ќе му ја исполнам неговата желба.. Свесен е за својот политички рејтинг, свесен е дека изборите наближуваат и преку контролата што ја има врз луѓето во СЈО се обидува да ги изрелативизира рабтоите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во судот да и мене и моите соработници не прикаже слични како него, рече Груевски.

Не се смета за виновен ниту градоначалникот Тони Трајковски, кој вели дека законитоста на постапката за рушељње се докажала во неколку судски пресуди досега. За разлика од него, СЈО презентирајќи го предметот ТНТ тврдеше дека Трајковски  спротивно на Законот за јавни набавки ја поттикнал општинската Комисија за јавни набавки договорил фирмата „Три М Изградба“ да го заврши рушењето, иако фирмата не била регистрирана и немала лиценца за уривање со експлозивни набавки.

-И јас како градоначалник и вработените во општинаГази Баба работевме законски, нашата постапка бешепотврдена и со 20 судски пресуди, верувам дека ова е уште една можност да ја докажеме нашата законитост и да докажеме дека инвеститорот гопрекршил законот, затоа што треба еднаш да се стави крај на сите малверзации со градењето. Јас ќ епотсетам декаинвеститорот не постапил согласно законот, тој имал за цел да направи поголема финансиска корист за себе, рече Трајковски пред судот.

Екс-министерот Јанакиески, за разлика од неговите сопартијци ги избегна медиумите и судот го напушти од задната страна.

Случајот „Космос“ на двапати беше споменат во аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев , односно во 5. и 13. „бомба“.

Во еден од разговорите се слуша како премиерот Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во „фул-сезона“ на годишни одмори. Подоцна и премиерот и екс министерот Јанакиески ги демантираа ваквите тврдење, образложувајќи дека за случајот „Космос“ запазена е градежната процедура.

Образложението на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски пак, беше дека објектот се градел спротивно на законите односно дека отстапил од предвидениот проект за околу метар и половина.

Цаноски во интервју за НОВА на почетокот на годинава раскажа како течела комуникацијата со локалната и централната власт во период пред и по градбата на Космос, за тужбата во Стразбур и очекувањата од специјалната обвинителка Катица Јанева која го презеде предметот.

 

 

 

 

 

Груевски Јанакиески Космос СЈО Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.