НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандов се закани со упад во судовите, Панчевски молчи за протестот

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски, се уште не се огласи за денешниот протест на ГДОМ за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Тој секогаш досега секој протест го осудувал и го толкувал како притисок врз работата на судиите. А, на денешниот протест Панчевски дури доби и закана од Александар Пандов од ГДОМ, дека народот ќе влезе во судовите ако судиите не судат праведно.

Пандов изјави дека судовите станале како Казабланка и оти странски претставници им вршат притисок на судиите да судат против претставници на власта.

„Сега, како претставници на ГДОМ, ќе однесеме декларација со којашто им даваме поддршка на судиите и сакаме оттука да им порачаме дека овој пат ќе влеземе само неколку луѓе коишто ќе ја достават таа декларација. Треба да им биде јасно дека во идно време, многу пати повеќе од овие луѓе што сме собрани сега, ќе дојдеме и нема само неколку луѓе да влеземе во судот, туку сите луѓе ќе ги поканиме и да влеземе во судот, исто зашто ова е наш, македонски суд, да ни објаснат зошто под притисок и зошто носат некои одлуки, зошто прават подеднакво равенство меѓу докажани криминалци и луѓе кои немаат ама баш ништо криминално направено во животот“, рече Пандов.

pandov

НОВА побара став од Кривичниот суд за денешниот протест, а во очекување на евентуална реакција, да потсетиме на неколку соопштенија во кои претседателот Панчевски се почувствувал под притисок. Сите досегашни реакции се за протести организирани од страна на опозицијата, новинарите или пак невладини организации. Денешниот протест е прв во кој демонстрантите се дел од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Последната реакција од Панчевски беше на 31 мај, кога пред судот се собраа десетина членови од партијата „Левица“, кога беа приведени неколку лица за учество во протестите во Скопје. Тогаш Панчевски вака ги оквалификува нивните изјави и собир пред Судот.

„Како претседател на овој суд изразувам искрено жалење за толкувањето на демокртските права особено кога поради незадоволството од законита одлука на судот, претставници на одредени здруженија, затскривајќи се зад демократското право на слободно изразувње, со клеветнички изјави го повредуваат правото на демократско спроведување на законите со цел да го нарушат мојот углед како претседател на судот, а со тоа и угледот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.“, пишуваше во соопштението до јавноста испратено од Панчевски.

 javno-obvinitelstvo500_1

Владимир Панчевски соопштение испрати и на 2 март, кога Кривичниот суд не му го даваше предметот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство. Под изговор дека во него има доверливи информации, Основниот суд не и ги доставуваше доказите на Катица Јанева. Панчевски и овој пат се почувствувал загрозен во непристрасноста и реагираше на изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Ги повикуваме обвинетите лица во наведената постапка да не ја злоупотребуваат постапката за политички говори како директен напад и непочитување на институцијата суд и на овој начин да вршат притисок врз работењето на судот.“, соопшти Панчевски.

Еден месец претходно на 18 февруари, Панчевски објави реакција на написи во медиумите и ги обвини дека се во директна спрега со одредени интереси и инструмент во нечии раце за оцрнување на работата на Судот. Ова е дел од тоа соопштение од Панчевски

„Со цел објективно информирање на јавноста, како суд ги охрабруваме сите новинари кои се посветени на новинарската професија, точно, прецизно и непристрасно да ја информираат јавноста, особено земајќи го предвид се позачестениот начин на ифнормирање за заплашување на судовите и судиите, преку пренесување на невистинити состојби и шпекулации со акцент на екслузивитет објавен преку најразлични форми на пишани и електронски медиуми, кои се во директна функција и спрега на одредени тесни интереси и се користат како инстурметн за дополнително сензационалисирање  на нормалното работење и искривување на процедурите на постапување на  судот преку лаичко и слободно толкување.“

Кога новинарот Томислав Кежаровски од затвор беше префрлен во куќен притвор, и тогаш на Панчевски изјавите од новинарите и ЗНМ му вршеа притисок оти тој работел исклучиво согласно Законот.

„Судот сите реакции што се дадени во медиумите како и најразличните толкувања и шпекулации за сегашното и идното постапување на Судот ги отфрла како неосновани и законски непоткрепени и истовремено повиците на протест против одлуки на судска власт во било која истанца ги оценува како притисок врз правосудниот систем во една држава, во случајов Р. Македонија.“, напиша Панчевски во соопштението до јавноста на 17 јануари минатата година.

Посебно внимание Судот со кој раководи Панчевски им посветува на изјавите на членови на СДСМ. Па така по секоја прес конференција или критика за работата на судиите дека работат под директива на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Панчевски веднаш пишува соопштение.

„Сметаме дека токму со ваквите неосновани напади се нарушува кредибилитетот на судскиот систем во земјата и бараме во иднина  сите политички партии, организации и граѓани кои имаат одредени забелешки и нејаснотии конкретно за работата на нашиот суд да ни се обратат за објаснување , бидејќи Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи да постапува подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или верска припадност, почитувајќи ги Уставот и Законите.“, оценува  Панчевски.

Кога беше напаѓан за случајот „Ровер“, во кој обвинет е претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, Панчевски беше зачуден зошто постоеле сомнежи за постапката.

„Зачудувачки, нејасен, неразбирлив и неаргументиран е односот на политичката партија СДСМ, која претендира константни напади кон судството, при што во свои соопштенија неповикано се инволвира сакајќи да презентира општа негативна слика за судството и судската власт, тврдејќи дека судот постапува по политички монтирани процеси.“, напиша во соопштението претседателот на Кривичниот суд.

Доколку има соопштение од претседателот на судот Панчевски и за денешниот протест во неговиот двор, НОВА веднаш ќе го објави.

Александар Пандов Владимир Панчевски Владимир Талески ГДОМ протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.