Граѓаните на Македонија губат милиони евра финансиска помош од ЕУ, поради владините клептомани ВМРО и ДУИ. Одлуката за финансиска поддршка од ЕУ за земјите од Западен Балкан од 150 милиони евра, вклучувајќи ја Албанија, Црна Гора, Косово и Србија, но исклучувајќи ја Македонија од оваа финансиска помош за развој на инфраструктурата, енергетиката, екологијата, е јасна порака за владата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, соопштуваат од Движењето за реформи на Зијадин Села.
„Финансиски злоупотреби и коруптивните афери сега веќе директно ја изолираат земјата од меѓународната помош. ДР – ДПА оценува дека со овој акт за исклучување, на Македонија и се дава сериозен сигнал.
Овој сигнал укажува на потребата за радикални промени во управувањето на земјата. ДР – ДПА констатира дека Владата на ВМРО-ДУИ освен губењето на довербата за управувањето на фондовите од ЕУ, одамна ја има загубено довербата за евро-атлантска интеграција, за спроведување на препораките или подигање на стандардот на граѓаните на РМ“, велат од Движењето за реформи.