НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстрантите до ЕБР: Еден ден ќе се срамите од сè што правите

0
By Нова ТВ on July 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протестот на Шарената Револуција кој започна вечерва во 19 часот беше прекинат на половина пат кај мостот Гоце Делчев од страна на единицата за брзо распоредување (ЕБР). Додека колоната демонстранти со чадори и кабаници и покрај силното невреме имаше намера да маршира до Уставниот суд, кој се уште не се изјаснил на уставноста на СЈО, специјалците со жив штит и неколку водени топови им го попречија патот и не дозволуваа премин понатаму.

Претходно, полициски кордон не дозволи демонстрантите да се движат ниту кон Градскиот трговски центар преку „Рекорд“ за каде што беше предвидено протестот да заврши во знак на отпор против одлуката на власта да го „преоблече“ ГТЦ во барок.

Додека полицискиот кордон на мостот „Гоце Делчев“ се засилуваше во се побројни редови, демонстрантите скандираа „Слобода“, „Убијци“ и „Ние ве плаќаме“. Беше испеан и еден дел од химната на Република Македонија, а демонстрантите на разглас ја пуштија и химната на Единицата за брзо распоредување, која ја потсетија дека, како што велат демонстрантите „штитела криминалци“.

Во период од околу еден час, демонстрантите непрекинато изразуваа револт од кордонот кој им го попречи патот.

-Бевте три реда, застанавте шеснаесет реда засилување, a одовде ние мокри. Против кого? Еден ден кога ќе се погледнете пред огледало, ќе се срамите што сте правеле. Јас од ништо нема да се срамам, јас ќе бидам горда, и моите деца и внуци се горди,а  вие ќе се срамите, им рече една од демонстрантките на полицијата.

Протестот заврши на мостот во 21 часот, без инциденти.

 

 

#Уставен #шаренареволуција ГТЦ ЕБР протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.