НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не гледавме Вардар-Динамо оти Самсоненко бил прескап

0
By Нова ТВ on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
Сергеј Самсоненко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските и хрватските љубители на фудбалот вчера беа лути затоа што немаше ТВ пренос на натпреварот Вардар – Динамо којшто се одржа на македонската арена „Филип втори“. Шефот на спортската програма на хрватскиот јавен сервис, Бруно Ковачевиќ, денеска изјавил дека пренос немало затоа што сопственикот на Вардар кој ги има правата им барал три до четири пати повеќе пари од вообичаената сума.

-Сопственикот на Вардар преку својот посредник ни побара 3,5 пати повеќе пари од она што било кога сме го платиле во историјата на преносот на второ претквалификациско коло за Лигата на шампиони, изјави Ковачевиќ.

Хрватските медиуми шпекулираат со цифри од 50, 000 евра кои биле побарани од Самсоненко. Македонскиот јавен сервис кој вчера беше на мета на напади не излезе официјално да објасни зошто не го пренесуваше натпреварот, но нивни вработени коментираа дека Самсоненко барал многу пари и од МТВ.

Портпаролот на клубот „Вардар“ и новинар во „Македонски спорт“, Горан Бошев, за НОВА ТВ ја потврди информацијата дека парите биле проблем за преносот, но не навлезе во детали околу неуспехот на преговорите со ТВ куќите.

-Не успеавме да се договориме со ниту една телевизија, имаше преговори со една македонска приватна телевизија, но не дојде до заеднички договор, а исто и со хрватскиот јавен сервис. Причина беа парите, рече Бошев.

Вардар загуби, Самсоненко славеше

Македонскиот фудбалски шампион „Вардар“ вчера изгуби на домашен терен со резулат од 1:2 на вчерашниот дуел со клубот „Динамо“ од Загреб. И покрај поразот, хрватските медиуми денеска пишуваат  дека тоа не го спречило сопственикот на „Вардар“ Сергеј Самсоненко да ја прослави победата на гостите во еуфорична атмосфера во еден скопски ресторан на негова сметка.

Хрватските фудбалери своето воодушевување од пречекот на Самсоненко го споделиле со хрватските медиуми велејќи дека „никој никогаш вака не ги пречекал“ и дека по забавата биле вон себе. Самсоненко бил на својата четириесетметарска јахта закотвена на островот Вис во Хрватска, но решил да се врати во Скопје и да ги дочека хрватските фудбалери, пишува спортската редакција на „Јутарњни вести“.

„Приреди невиден спекакл. Имаше серии од превкусни јадења, а тогаш дојде врвот. Самсоненко го зема микрофонот и почна да пее. Глас како од Суперталент. Да се натпреваруваше ќе победеше. Се вклучија и неговите соработници и други Македонци, домашни луѓе и сите му наздравуваа на Динамо. Почна да пее стихови од Тоше, како самиот Тоше да воскресна. Музичарите свиреа, Самсоненко редеше стихови. На песната „Ти си ми во крв“ од Здравко Чолиќ тој во стиховите ги вклучи Динамо и Торцида, Армада (навивачки хрватски групи). Исто така, за време на прославата развеселиот Самсоненко искршил и 50 чинии.

 

Вардар Динамо Самсоненко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.