Четири лица загинаа откако спортски авион марка „Пипер 320“ со шест седишта се урнал на северот на Словенија, јави словенечката полиција.
Авионот кој бил регистриран во САД, тргнал од Лајпциг и слетал во Венеција, по што полетал за Словенија, исчезнал од радарот и се урнал во регионот на Ајдовшчина.
На местото на несреќата пожарникарите нашле четири изгорени тела. Се претпоствува дека до несреќата дошло поради силното невреме и за истражителите не е јасно како во такви временски услови воопшто можеле да добијат дозвола за летање.
Авионот од овој тип може да лета на висина од 5000 метри, но не е прилагоден за ниски темпаратури. Пред несреќата пилотот јавил дека има проблем со мразот кој се наталожил на авионот.