НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачот во Ница познат на полицијата поради крадење и насилство

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 СВЕТ
фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Човекот кој вчеравечер со камион влета во толпата луѓе на Денот на Бастиља во Ница и уби најмалку 84 лица, меѓу кои и десет деца, а повреди повеќе од 150, им бил познат на француските власти по мали дела, но не бил на листата на лица поврзани со терористи, пишува Гардијан.

Според АФП, властите формално го идентификувале напаѓачот, но досега е познато само дека се работи за 31-годишен француски државјанин кој има потекло од Тунис. Овие податоци се од личните документи, кои биле пронајдени во камионот.

Напаѓачот и бил познат на полицијата од порано поради крадење и насилство, но не бил на листата на луѓе на француските разузнавачки служби, осомничени за врски со тероризмот.                

 Францускиот претседател Франсоа Оланд нападот го оцени како терористички чин, иако ниту една група досега не ја презеде одговорноста за масакрот. На интернет веќе циркулираат пораки и слики од социјалните мрежи, каде што членовите и симпатизерите на Исламската држава слават за нападот. Поради тоа, истрагата за  нападот ја презеде Француската антитерористичка служба.

Инаку, „портпаролот” на Исламската држава Абу Мухамед ал-Аднан уште во 2014 година ги повика приврзаниците на ИСИС да извршат напади на идентичен начин како што го направи овој возач, објави Би-Би-Си.

Во видеото што циркулира на Интернет се гледа дека возачот речиси 2 километри газел преку панично толпата, пред да бидат застрелан од страна на полициските службеници.                

Во камионот пронајдени се пиштол, пушка, неколку лажни пиштоли и гранати.

По нападот во Ница во Франција е прогласена тридневна жалост.

Нападот во Ница е тероризам: 84 загинати и повеќе десетици повредени

Ница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.