Доланд Трамп го избра гувернерот на Индијана, Мајк Пенс да биде неговиот партнер во претседателската кампања, што подразбира дека Пенс би можел да биде потпретседател на САД, доколку Трамп ја добие поддршката на граѓаните на изборите во ноември.
– Мило ми е што можам да соопштам дека го избрав Мајк Пенс за вице-претседателското место и мој партнер во кампањата, напиша на Твитер, Доналд Трамп.
Пенс е поранешен лидер во Конгресот на САД за кој велат дека се држи до својата конзерватидна иделогоија константно.
– Почестен сум што ќе му се придружам на Доналд Трамп и ќе работиме на тоа Америка да ја направиле голема повторно, напиша Пенс на Твитер.
Прес-конференцијата на двајцата партнери е закажана за утре во Мехнетен, Њујорк.