Најмалку 161 цивили се убиени, а 1440 се повредени. Околу 6000 се уапсени, меѓу кои и двајца генерали, соопштија турски официјални лица.
На Генерал Ердал Озтурк, кој командувал со Третиот армиски корпус му е определен притвор и се соочува со обвиненијата за предавство за неговата улога во обидот за државен удар во Турција.
Неговите луѓе се обиделе да преземат стратешки локации низ Истанбул минатата ноќ, кога се соочиле со илјадници невооружени цивили дојдени за поддршка на Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган предложил водачите да можат да се соочат со смртна казна иако Турција ја укина смртната казна, како дел од своите обиди да се приклучи кон Европската унија.