Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Поддржуваме учество на граѓанскиот сектор во преговорите

0
By Нова ТВ on July 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2016 16:12

По герила-акцијата и прес-конференција на невладините граѓански организации кои побараа директно вклучување во пoлитичките преговори за излез од кризата, од опозициската СДСМ со преку соопштение велат дека тие поддржуваат активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес.

-СДСМ во континуитет ги поддржува барањата на граѓанските организации.Неопходна е транспарентност во преговарачкиот процес. Од тие причини постојано укажуваме дека е потребно активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес, се вели во соопштението на СДСМ.

Претставници на над 80 граѓански организации коишто се иницијатори на протестите, пред Резиденцијата на амбасадорот на САД каде што во моментов се одвивааа меѓупартиските преговори го искажаа револтот што и покрај нивните барања, не се вклучени во нив.

Како што велат, тие не бараат вклучување на преговорите со цел да носат одлуки, туку да го мониторираат процесот и како граѓански сектор да понудат алтернативи доколку партиските преговарачи „запнат“ на некое од прашањата за кои се преговора.

На улицата пред Резиденцијата, со боја испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата“ како порака за политичарите кои се внатре на преговори.

Професорката Мирјана Најчевска, која беше дел до претставнциите на невладините организации, порача дека доколку не се исполнат нивните барања, од како што ги нарече, „киднапираните преговори“ протестите ќе продолжат  порадикално, што не значи дека ќе бидат насилни.

На прашање на НОВА како очекуваат тие да бидат вклуени во преговорите кога Претседателот на државата ги оквалификува како  „платеници“, Најчевска рече дека неговиот збор воопшто не е важен, бидејќи се работи за „индивидуа со ниски ителектуални капацитети“.

преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.