Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не стивнуваат реакциите околу Макпетрол, државните институции на потег

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2016 15:02

Во македонската јавност случајот со обидот за преземање на Макпетрол е главна тема, но државните институции и натаму молчат за ова прашање. Ниту еден државен орган, вклучувајќи ја и најповиканата институција, Комисијата за хартии од вредност, досега не се изјасни за основаните сомнежи дека Макпетрол сакаат да го преземат сомнителни бизнисмени со матно минато, објави веб-сајтот a1on.

За случајот деновиве се заинтересира и Европската енергетска заедница со седиште во Виена, која испрати писмо до Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика, со барање да се разјаснат дилемите околу сомнителното потекло на капиталот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Засега нема одговор до ЕЕЗ од македонските институции.

Темата „Макпетрол“ вчера стигна и до Собранието – на седницата за пратенички прашања, пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев запраша дали власта преку молчење и целосна неактивност на државните институции го потпомага преземањето на Макпетрол од сомнителна странска компанија, за да се уништи или замолчи Телма пред изборите.

Околу случувањата со Макпетрол се огласи и поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, кој јавно ги повика институциите да го заштитат стопанството од сомнителниот капитал од странство.

„Ако се нормални и одговорни функционери на Република Македонија, не може да не ги интересира какви белосветски хохштаплери го запоседнуваат имотот и пазарот во државата“, изјави неодамна Гошев за Телма, коментирајќи го односот на институциите кон случајот „Макпетрол“.

Како што е веќе познато, еден од претставниците на „Балкан Петролеум“, Ури Бидер, користејќи компанија со исто име, ја презел рафинеријата „Рафо“ во Романија, по што таа пропаднала, а илјадници работници останале на улица.

Макпетрол е најголемата и најстарата нафтена компанија во земјава, и е една од последните големи македонски фирми кои се во сопственост на домашни бизнисмени. Во компанијата работат преку 2 000 луѓе, а таа за давачки кон државата издвојува околу 170 милиони евра годишно. Според експертите, поторувањето на сценариото од романската „Рафо“ во земјава би било катастрофално за македонското стопанство, а пазарот со нафтени деривати би доживеал шок, кој ќе ги погоди сите граѓани. Токму големината на Макпетрол и неговото значење за македонската економија треба да биде најсилната причина за реакција на надлежните институции. Но, и покрај повиците од експертите и антикорупционерите, државата сè уште е во необјаснив молк околу целиот случај.

Балкан Петролеум Макпетрол преземање на Макпетрол Телма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.