Владата на Чешка ќе испрати 50 полицајци во Унгарија, а на 40 полициски припадници кои веќе се во Македонија ќе им биде продолжена мисијата до 11 септември.
Како што информираше на Твитер претседателот на чешката Влада Бохуслав Соботка, овој чекор за продолжување на проактивен пристап за запирање на илегалната миграција е преземен на барање на двете земји Македонија и Унгарија.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованеци изјави дека полицајците се бараат за заштита на шенгенските граници и подвлече дека партнерите треба да си помагаат.
Од крајот на минатата година, контингенти на чешките полицајци поради миграциската криза во странство беа испратени девет пати. Покрај во Македонија, односно во Гевгелија, присуствуваа во Грција, Словенија и Унгарија.