Турската полиција утрово изврши претреси во 44 фирми во Истанбул, со налози за апсење на 120 директори во рамки на истрагата за неуспешниот обид за воен пуч, јавува државната агенција Анадолија.
Според агенцијата, фирмите се сомничат за финансирање на движењето на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД, обвинет за организирање на пучот на 15 јули.
Полицијата почна да гипретресува фирмите во истанбулските квартови Ускудар и Умарние, вклучувајќи и зградо кои припаѓаат на засега неименуван холдинг, пренесува агенцијата.
По несупешниот пуч, притворени се повеќе од 35.000 луѓе, од кои 17.000 се уапсени по службена должност, а 10.000 се суспендирани по чистката во турската војска, полиција, образовниот и правосудниот сектор.