Исламските екстремисти ослободија 28 затвореници и осум милатнти од ИД во напад организираан врз затвор во јужниот дел на Филипините. Како што соопшти полицијата, нападот бил спроведен од 50 тешко вооружени членови на групата Мауте која вети верност на ИД.
Осумината ослободени членовите на групата Mауте бил уапсени на 22 август, откако војници на контролен пункт на армијата пронашле експлозиви и пиштоли во нивното возило. Полицијата соопшти дека 20 други затвореници, кои се осудени за други кривични дела, исто така, избегале за време на нападот. Групата Mауте е една од неколку исламски екстремистички групи во јужниот регион Минданао каде што живее муслиманското малцинство во главно католичките Филипини.