Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви има материјал за уште еден албум, тврди поранешниот член на групата „Oasis“, Ноел Галагер.
За порталот NME, Галагер изјавил дека легендарниот пејач има доволно материјал за уште еден албум кој му останал од неговото последно издание „Next day”.
“Судејќи по она што го зборуваат луѓето, кои биле присутни на снимањето на Боуви, тој има материјал за уште еден албум. Човекот снимил 29 песни”, изјавил Галагер.
Сепак Галагер признал дека нема информации кога би излегол новиот албум, тој вели дека би можеле да поминат уште 10 години пред да се појави нова плоча од Боуви.
„Не знам што се случува со Боуви. Тој може и да исчезне во следните 10 години, а би можел и да се објави нов албум. Може да ја најави најголемата турнеја на сите времиња и тоа никогаш да не го исполни. Кој знае?”, вели Галагер.