НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костовски бара да се преиспита известувањето на ТВНова од Ватикан

0
By Нова ТВ on September 5, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се преиспита известувањето на ТВНова од церемонијата во Ватикан при прогласувањето на Мајка Тереза за светица, бара Љубомир Костовски, член на привремената комисија за мониторинг на медиумите.

Тој денеска ќе побара стручните служби во Агенцијата за медиуми да ги документираат овие настани, за да може потоа комисијата да постапува.

„Проблематично беше што делегацијата иако ја водеше претседателот на државата, на ТВ Нова од него изјава немаше, но затоа во ударните вести се пренесуваше изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски која траеше по половина час. Од другите претставници во делегацијата по една реченица, од опозицијата ниту една. Се добиваше впечаток дека Груевски е всушност премиер, што воопшто не е така. Ова е групо кршење на принципот на еднаквост и како и пример за мешање на државата и партијата на власт од највисок вид“, вели Костовски.

Откако беше вратена старата методологија за мониторинг, комисијата ќе може да изрекува санкции после секој направен прекршок и нема да се чека да се направат поголем број на грешки, како што предвидуваше новата методологија.

Одлуките ќе се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.

Ад хок комисијата ќе ја мониторира работата на телевизиите и радијата се додека Државната изборна комисија не ги соопшти официјалните резултати од изборите.

За првото прекршување на законската регулатива на медиумот ќе му биде изречена опомена, а за секој следен прекршок парична казна. Комисијата нема право да бара да се затвори некој медиуми, ниту да санкционира новинар за искажан коментар.Највисоката казна со која може да се соочи медиумот е 4.000 евра.

Мониторингот на медиумите за изборите на 11 декември почна во петокот, а првиот извештај ќе треба да биде готов во петок.

 

 

ад-хок тело Ватикан избори медиуми мониторинг Пржино ТВНова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.