Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 6 години ветувања,предизборно ќе почнат да се градат станови за АРМ

0
By Нова ТВ on September 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 13, 2016 15:38

Министерството за одбрана склучи договор вреден 964.000 евра за изградба на станбен објект од проектот „АРМ мој вистински дом“. Тендерот го доби фирмата Инженеринг од село Желино, која треба зградата да ја изгради во рок од 15 месеци.

Министерството за одбрана овој проект го ветува уште од далечната 2010 година, а дури по шест години, во предизборието реши да го реализира.

Министерот Јолевски е трет министер кој го најавува „АРМ мој вистински дом“, а самиот тој во последната година направи неколку презентации пред војниците во повеќе касарни и го најавуваше проектот дека ќе почне со реализација поодамна.

b_xnhmxhm_x-19468

Пред десет дена Јолевски повторно објави дека деновиве ќе биде поставен камен темелник на првата зграда од 32 стана зад касарната Илинден.

„Досега се имаат пријавено над 250 припадници на Армијата кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект и во текот на следната година ќе почне изградбата на сите преостанати станови за реализација на овој проект. Конкурсот за пријавување ќе остане отворен перманентно и единствен лимит ќе биде да се собере доволен број на заинтересирани за да има нова зграда за градење“, изјави Јолевски на 2 септември годинава.

Според конкурсот, становите ќе се купуваат по градежната цена на станот, а ќе се отплаќаат на 240 месечни рати. Купувачите ќе треба да обезбедат 20 проценти учество, а според некои проценки за еднособен стан за 35 квадрати ратата ќе биде околу 4.500 денари месечно, а за најголемиот стан од 90 квадратни метри ратата ќе биде околу 10.000 до 11.000 денари.

Како што е се поизвесно е дека ќе има избори на 11 декември, така се подобруваат и условите за купување на становите. Минатата година во октомври Јолевски рече дека учеството за станот ќе биде 30 проценти од цената, а сега војниците ќе треба да дадат 20 проценти од сумата за станот. А, изградбата на првата зграда тогаш најави дека ќе почне да се гради на почетокот на годинава.

Војниците гледаат со недоверба на овој проект на Министерството за одбрана, зошто се повторува пред секој изборен циклус.

Аднан Алитов од Независниот синдикат на професионални војници вели дека овој проект е само предизборен политички маркетинг, бидејќи истите ветувања биле дадени во 2010 година.

„Кои станови ќе се доделат кога становите ги нема нигде. Зошто мора со вакви игри предизборно со нас вработените да играат. А, второ ако се толку моќни со средства првин нека видат во касарните дека нема вода, нема храна, вработените одат на работа само со една униформа“, вели Алитов.

Првиот објект, според најавите од Јолевски, ќе се гради во близината на касарната Илинден, а доколку има интерес ќе се продолжи со градби и во другите градови.

АРМ АРМ мој дом војници Зоран Јолевски станови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.