Во видеото е дел од атмосферата пред и во општината Центар за време на насилните протести на 7 јуни 2013 година. Камерата и новинарите на НОВАТВ тогаш регистрираа дел од насилниците кои ги кршеа прозорците и инвентарот во општинската зграда, како и тоа што се случуваше внатре за време на седницата на Советот.
Камерата на НОВАТВ ја улови и тогашната советничка од ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова, како разговара на мобилен телефон, додека зад неа урла разулавената маса. Рангелова во периодот пред, за време и по протестите беше најгласен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ги одржуваше прес конференциите и отворено даваше поддршка на групата верници од неформалното здружение Веритас кои протесираа предводена од Сузана Миновска сопруга на советникот на тогашниот премиер Никола Груевски, Душко Миновски, кој беше и претседател на Комисијата за заштита од дрискриминација.