НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието забранува НОВА да ја пренесува расправата со Јанева во живо

2
By Сашка Цветковска on September 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВАТВ денеска е спречена да ја пренесува во живо на интернет расправата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на којашто се разгледува извештајот од работата на Специјалното јавно обвинителство. Образложението на Генералниот секретар на Собранието, г-нот Жарко Денковски е дека нашиот пренос во живо на расправата претставува кршење на Законот за Собрание, други закони кои ја уредуваат работата на Собранието и на собранискиот Деловник.

Минатата недела НОВАТВ во собранието ја снимаше и ја емитуваше во живо на својата веб страница надзорната расправа за поплавите каде што се дискутираше за одговорност на поединци во институции и институции. Незапознаени со новите толкувања на деловникот и на законите, започнавме да ја стримаме седницата која наиде на огромен интерес во јавноста. Малку потоа, во груб разговор генералниот секретар Денковски не информираше дека немаме право да ја пренесуваме расправата, а имаме право да ја снимаме истата.

Добивме и писмено образложение зошто тоа се забранува.

Во врска со Вашето барање би сакале да Ве информираме дека јавноста во работата на Собранието и емитувањето на активностите на Собранието на Република Македонија се уредени со Деловник на Собранието на Република Македонија, Закон за Собранието на Република Македонија, како и со Правилник за внатрешниот ред на Собранието на Република Македонија.

Во Законот за Собранието на Република Македонија конкретно е наведено кој обезбедува емитување на активностите на Собранието. Во член 20, став 8 децидно е наведено дека за одржување на надзорната расправа јавноста се информира преку веб страницата на Собранието и Собранискиот канал.

Во член 32, став 2 наведено е дека Собранискиот канал ги информира и образува граѓаните за политичкиот живот, преку парламентарни, образовни и граѓaнски програми.  На собранискиот веб сајт може да го најдете Деловникот на Собранието и Законот за Собранието.

Откако по сугестија на генералниот секретар Денковски го прочитавме Деловникот, Законот за Собрание, Уставот, други закони кои ја уредуваат работата на Собранието, дојдовме до заклучок дека конкретната забрана не наоѓа потпора во правото и Уставот. Денеска повторно сакавме да ја емитуваме расправата по однос на извештајот ја Јанева, но Денковски во телефонски разговор ни го даде истиот одговор. Во прилог ви го пренесуваме нашето ново барање и одговорот на нивните образложенија за оваа, благо речена цензура во институцијата која ги претставува граѓаните на Република Македонија.

Членовите кои Вие ни ги посочувате ги определуваат обврските на Собранието за пренесување на седниците и расправите, како и обврските и мисијата на Собранискиот канал, но тие во никој случај не определуваат забрани за преноси на други медиуми од Република Македонија.
Бидејќи станува збор за  расправа која е од огромен интерес за јавноста, сметаме дека нашето право да ја пренесуваме истата на интернет не е никаде ограничено во Законот за собрание и дека регулацијата на обврските за снимање на Собранискиот канал ниту одблиску не го исклучуваат правото на медиумите да ги следат комисиите во формат кој сметаат дека е најпогоден за нивната публика, а кој притоа не ја загрозува на никаков начин работата на Собрнаието.
Ако се има во предвид дека седниците на работните тела на Собранието се јавни согласно член 2 став 1 од Деловникот, и потоа, ако се има во предвид дека за оваа надозрна расправа не е употребено правото од член 2, став 2, а тоа е да се одлучи истата да се одржува без јавност, тогаш ние имаме проблем да разбереме зошто јавноста е спречена да ја следи расправата во живо на интернет. Оваа расправа е од огромен интерес на јавноста во моментов со оглед на тоа дека државата се бори за излез од политичката криза и за спас на својата евроатлантска перспектива.
Би сакале да додадеме дека медиумската култура се менува и дека информирањето преку интернет е во значаен пораст согласно последните податоци објавени од страна на Агенција за медиуми, а Собранието единствено ги пренесува во живо на веб страницата седниците, но не и расправите на другите работни тела.
Оттука, сметаме дека е и во ваш интерес, како дом на граѓаните на РМ да ни овозможите да ја пренесуваме во живо оваа расправа, односно да не учествувате во спречување на работата на новинарите бидејќи вашата одлука истото да го направите, не наоѓа потпора ниту во членовите од Законот за собрание кои ни се цитирани погоре во вашиот допис, ниту во било кој член од законите кои ја уредуваат работата на Собранието, како и во деловникот на Собранието.
Ова наше писмо го споделуваме со граѓаните затоа што забраната доаѓа од оние кои ги претставуваат. Исто така, би сакале да додадеме дека НОВАТВ нема да се впушта во технички авантури кои се скапи за скромните услови во кои работат независните медиуми во Македонија доколку Собранието ги исполнува своите обврски и самото ги пренесува во живо на својата интернет страница, за што ја има и потребната техничка инфраструктура. Би било освежување да се види дека Законодавниот дом во полна снага комуницира со јавноста и граѓаните со алатките кои ги донесе 21 век.
расправа Собрание цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.