Попладнево продолжи Надзорната расправа на Комисијата за политички систесми при Собранието по однос на извештајот на Специјалната јавна обвинителка. Катица Јанева веќе втор ден дава отчет пред пратениците по однос на извештајот за сработеното.
Расправата продолжи со препирки околу тоа кој прв почнал да навредува: Јанева пратениците или тие неа. По 45 минути од почетокот на продолжението на расправата Собранието свика втора пауза.
Додека Јанева дава отчет, Кривичниот суд од Скопје врати едно од првите две поднесени обвиненија на СЈО. Судот само кусо образложи дека обвинението се враќа затоа што недостасувала декласификација на класифицирани докази.