Рок легендата Брус Спрингстин смета дека Донал Трамп е “срам” за Америка, дека демагог кој предлага едноставни решенија за комплексни проблеми кои ништо не можат да решат.
Во своите песни Спрингстин често зборува за тешкотиите на Американците од средната класа па така тој изјави дека му е сосема јасно како Трамп може на овие негови сограѓаните да им се чини “убедлив”.
“Апсурдноста ја надминува карикатурата. Тој е толку блиску до Белата ќука што е време да почнеме сите да бидеме загрижени”, рече Спрингстин во една емисија емитувана во Норвешка и Шведска.
Рок ѕвездата не верува дека Трамп навистина може да победи на изборите но самиот факт што е кандидат е веќе срам за Америка. Трамп знае како да им ги каже на избирачите “нештата кои сакаат да ги чујат” вклучително и луѓето на кои не им се допаѓа фактот што во «Америка има многу бои».
“Ние во Америка имаме проблеми, огромна нееднаквост во поделбата на богатството и тоа е теренот на демагогијата”, вели Спрингстин додавајќи дека на овие тешки проблеми не се решение едноставните рецепти на Трамп.