НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вашето време истече, време е за СЈО“ – голем собир за поддршка на СЈО

0
By Влатко Чаловски on September 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Вашето време истече, време е за СЈО“ е пораката која Шарената револуција при денешниот собир за поддршка на специјалната обвинителка Катица Јанева ја испрати до пратениците пред Законодавниот дом.

По неколку месеци пауза “шарените“ денеска се вратија на улица да им дадат до знаење на пратениците, пред се од владјечкото мнозинство дека Јанева не е сама и ја ужива поддршката на граѓаните кои се критични кон власта.

(ВИДЕО) Шарена револуција: Оган од факели за СЈО

Собирот се одвиваше мирно, без никаков инцидент и под полициско обезбедување, а присуство на полицијата можеше да се забележи и пред старите “станици“ на Шарената револуција, односно седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за правда како и пред Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Пораката испратена пак од денешните говорници, адвокатот Звонко Давидовиќ и активистот Александар Младеновски е јасна и единствена – СЈО треба да биде заштитено, граѓаните да останат сплотени во соочувањето со криминалот.

– Тука сме за да ги потсетиме пратениците дека тие ја изгласаа Катица Јанева и дека треба да го почитуваат СЈО и дека треба да ги донесат законските измени за законот за заштита на сведоци кои што таа ги бара. Пратениците прво да си ги преиспитаат членовите на Судскиот совет за нивните капацитети, рече Давидовиќ осврнувајќи се на нападите врз Јанева на адреса на нејзината компетенција до страна на пратениците од власта.

Младеновски пак, нотираше дека во овие времиња, македонскиот народ е сведок на масовните исселувања на младите од земјата.

– Не делат по сите основи, на Македонци и Албанци, на патриоти и комуњари и тоа е срамно, а истовремено, сме сведоци на масивниот егзодус на младите. Да не дозволиме да го укинат СЈО кое е единствената некорумпирана институција, рече тој.

Присутни на собирот беа граѓани од различна возраст, со различни политички гледишта и од различна етничка припадност, но сите скандираа „Катица, Катица“ во знак на поддршка за јавната обвинителка која има специфична задача, заедно со нејзиниот тим да ги истражи индициите за криминал на власт, а кои произлегоа од “бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во интервјуто со еден од истакнатите активисти на Шарената револуција, Демијан Хаџи-Ангеловски, тој вели, поддршката е многу значајна за Јанева и нејзиониот тим во овие моменти кога се соочува, како што вели тој, со недолични коментари од страна на пратениците од владејачкото мнозинство.

Имено Катица Јанева, по неколку денови одговарање пред пратениците, денеска ја напушти Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, реагирајќи дека врз неа се врши класичен мобинг иако таа е првата која по години наназад доставила извештај за својата работа и која дошла истиот да го образложи.

Освен тензичните расправи кои се водеа во Комисијата, на тимот на Јанева се уште им претстои одлуката на Уставниот суд, кој треба да се произнесе за законитоста на СЈО, како што е договорено според целокупниот Пржински договор.

#Шарена револуција Александар Младеновски Демијан Хаџи-Ангеловски Звонко Давидовиќ Катица Јанева поддршка за СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.