Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски: Пратениците да го одложат оценувањето на администрацијата

0
By Влатко Чаловски on October 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 4, 2016 12:30

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски, денеска апелираше до сите пратеници да ја прифатат неговата иницијатива за одлагање на оценувањето на административните службеници преку измените во Законот за административни службеници.

– Пратнениците се должни да работат во интерес на граѓаните а во овој момент нема поголем интерес за граѓаните од фер и кредибилен изборен процес. Секој глас против овие измени значи глас за партиските притисоци врз администрацијата од власта на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оценувањето треба да се спроведе во предизборниот период а шефови и раководители поставени од власта го имаат главниот збор со кој службеникот може да биде или казнет или избркан од работа, тврди Кирацовски.

Според него недозволиво е пред изборите да се врши притисок врз административците.

Одговарајќи на прашањето на НОВА за демантот од министерката Марта Арсовска-Томовска, која вели неговите изјави биле политички и дека само еден службеник до сега бил оценет слабо, Кирацовски вели дека таа била „тотален непознавач на човечките ресурси“.

– И порачувам на министерката Арсовска-Томовска наместо да се крие зад партиски соопштенија од Министерството, да излезе пред целата македонска јавност и да каже дали е за овој тип на оценување преку кој многу добри службеници можат да бидат казнети и каде партиски поставени шефови ќе оценуваат. Министерката Арсовска-Томовска сама беше изготвувач на овој закон и добро е пред целата македонска јавност и администрацијата да го изнесе својот став за овие прашања, изјави Кирацовски.

Министерството неодамна порача дека Кирацовски се служел со партиски тактики и обвинувал напразно.

– Престанок на работен однос како резултат на оценување беше за прв пат воведено во македонската државна служба на 14 септември 2005 година, односно со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/2005. Оттогаш до сега имало многу изборни циклуси, но никој никогаш од оценувањето не правел политичка драма. Колку за илустрација на основаноста на партиско-политичкиот аспект на оценувањето, еве го исходот од пилот оценувањето во претходната година. Просечната оцена на службениците била 4,37, а само 0.000089%, односно само еден вработен е оценет со најниската оценка, која претставува основ за престанок на работниот однос, наведе МИОА во соопштението.

администрација Арсовска-Томовска Кирацовски парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.