Влегување на навивачи непосредно по завршување на средбата, фрлање на тврди предмет на терен, националистички и дискримиинаторски скандирања, блокада на скалилата на „Филип Втори“ се забелешки за освојувачот на македонскиот куп
Европската фудбалска федерацја (УЕФА) ја санкционира Шкендија со 15.000 швајцарски франци. Паричната казна од Нион за освојувачот на македонскиот куп е за лоша организација на реваншот со Гент во рамки на плејофот за групната фаза за Лига Европа.
Забелешките се однесуваат на обезбедувањето т.е. за влегување на дел од навивачите на тревникот на „Филип Втори“ додека фудбалерите се уште не беа отидени во соблекувална. Меѓу замерките што влегле во нотесот на делегатот се и фрлање на тврди предмети на теренот, националистички и дискриминаторски скандирања како и блокада на скалилата што според правилата на УЕФА мора да бидат слободни за непречен проток на луѓе.