Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Квалификации СП 2018: Нова „нула“ на Македонија против Израел

0
By Нова ТВ on October 7, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 7, 2016 01:11

Израелците вечерва триумфираа на „Филип Втори“ со 2:1, Јаховиќ промаши пенал за реми во судиското продолжение на средбата

https://www.youtube.com/watch?v=sWdcPBhFUYQ

Македонија го забележа вториот пораз во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. По поразот од Албанија во Скадар со 2:1, со ист резултат загуби и вечерва на „Филип Втори“ од Израел. Хемед и Бен Хајм ги постигнааа головите за гостинската селекција во 25 минута, односно, 43-та, Несторовски во 63-та го ублажи поразот.

„Црвено-жолтите“ добија пенал во судиското продолжение по стартот врз напаѓачот на Палермо што не успеа во погодок да го претвори Јаховиќ. Гореш ја прочита неговата намера и ги обезбеди трите бода за Израелците.

„Ниту се бројат шанси, ниту се памети игра. Во фудбалот се паметат резултати. Фудбалерите максимално се бореа да избегнат пораз вечерва, но фалеше подобра реализација. Во финишот не реализиравме и пенал. Не можам да замерам ништо на играчите. Она во што се надевам е дека ќе заиграме подобро и ќе почнеме да освојуваме бодови“, рече македонскиот селектор Ангеловски по средбата.

Македонија играше и создаваше шанси, Израелците даваа голови и се радуваа на крајот. Нивни херој беше 36 годишниот голман Давид Гореш кој го одбрани ударот од белата точка на Јаховиќ и ги сочува оние 1:2 на семафорот до крај.

„Македонија создаде многу шанси, а ние имавме среќа и одличен голман вечерва. Негово искуство за справување со притисок беше од големо значење за нас иако има 36 години. Имаше периоди во натпреварот во кои бевме добри и периоди во паѓавме. Чесно е да се признае дека домашната репрезентацја не притисна во второто полувреме. Постигна гол, имаше шанси за втор, имаше и пенал меѓутоа среќни и задоволни се враќаме дома“, истакна Елиша Леви, кормилар на Израел.

Италија и Шпанија во дербито во групата Г одиграа 1:1, Албанија со 2:0 славеше на гостувањето во Лихтенштајн. Македонија – Израел 1:2 (0:2) Арена „Филип Втори“ во Скопје.

Гледачи – 5.000. Главен судија – Андре Маринер (Англија). Асистенти – Џејк Колин и Гери Бесвик – Англија. Жолти картони: Гореш, Битон, Коен, Тиби (Израел). Црвен картон: Тиби (Израел). Стрелци – Несторовски 63’ (Македонија); Хемед 25’, Бен Хајм 43’ (Израел). Македонија: Богатинов, Жута, Ристевски, Мојсов, Шиков, Алиоски, Несторовски, Пандев, Хасани, Ристовски, Петровиќ. Селектор – Игор Ангеловски Израел: Гореш, Даса, Давидзада, Битон, Захави, Коен, Хемед, Бен Хајм, Голаса, Цедек, Тиби. Селектор – Елиша Леви

Квалификации за СП 2018 Група Г

Резултати, 2. коло: Македонија – Израел 1:2, Италија – Шпанија 1:1, Лихтенштајн – Албанија 0:2

Табела

1. Албанија 2 2 0 0 4:1 6

2. Шпанија 2 1 1 0 9:1 4

3. Италија 2 1 1 0 4:2 4

4. Израел 2 1 0 1 3:4 3

5. Македонија 2 0 0 2 2:4 0

6. Лихтенштан 2 0 0 2 0:10 0

Идно коло (9 октомври): Македонија – Италија, Албанија – Шпанија, Израел – Лихтенштајн

 

Арена Филип Втори Игор Ангеловски Израел Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.