Германскиот репрезентивец го продолжи договорот со „краскиот клуб“ за нови две сезони. На „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2014 година од Баерн М.
Тони Крос (26) останува во Реал Мадрид до 2022 година. Веста за продолжување на соработката со германскиот фудбалски репрезентативец ја потврди и „кралскиот клуб“ преку својата интернет страница.
Крос дојде на „Сантијаго Бернабеу“ засилување за средниот ред на Реал Мадрид во летото во 2014 година од Баерн Минхен. Тогаш потпиша договор со важност до 2020 година што сега е продолжен за нови две години. Финансиските услови остануваат тајност.
Оттогаш има 108 настапи во дресот на Реал Мадрид. Лани со „кралевите“ ја освои Лигата на шампиони, трофеј што го подигна и една година претходно како член на Баварците.
Реал викендот ќе игра со Бетис во рамки на осмото коло во Примера пришто се очекува прекинување на серијата без победи што трае веќе четири меча.