НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гугл откри аргентински клуб кој 30 години играл на крив терен

0
By Нова ТВ on October 13, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
 На аргентински нисколигаш од околината на Буенос Аирес му е наложено да го поправи кривиот терен на кој ги игра своите натпревар веќе 30 години. Линиерс доби ултиматум – или ќе направи корекции на линиите или ќе биде исфрлен од лигата. Неговото игралиште повеќе наликува на трапезоид отколку на правоаголник.
Она што е уште побизарно во целата приказна е заклучокот во Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА) до кој се дојде преку сателитски снимки на Google Earth. Клубот има рок од три месеци да постапи по наложбите на АФА, во спротивно ќе биде згаснат.
Претседателот на клубот, Марсело Гомез за „кривините“ на теренот сфати по прегледување на снимките од воздух.
„Теренот секогаш правеше проблеми. Бевме свесни дека тоа е нешто што на крај ќе мора да го исправиме. Наредбата стигна изненадувачки за нас“, коментира првиот човек на Линиерс основан во 1987 година.
unnamed-3
Директните голови од корнер што во Аргентина се нарекуваат „олимпико“ беа чести на теренот на Линиерс. Поради тоа Силвио Фуентес, поранешен играч на тимот, признава дека се врзал за теренот.
„Секогаш останував по тренинзите да шутирам од корнер. Во кариерата имам девет „олимпика“, пет постигнав овде за Линиерс“, истакна Фуентес.
Некои екстерти коментираат дека кривата гол линија не е толку предност за тој што изведува корнер колку што е проблем за голманите.
„Нашиот терен отсекогаш е со криви линии и никој не забележуваше на тој факт. Противничките екипи се шегуваа со нас меѓутоа знаеја дека теренот е абнормален“, вели Макси Кастано, напаѓач на Линиерс.
Аргентина Гугл Линерс фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.