Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Партизан, Ц. Звезда, Динамо З., Хајдук како некогаш во Скопје

0
By Нова ТВ on October 15, 2016 СПОРТ
графика index.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 15, 2016 10:52

Европскиот клупски фудбал е пред реформи што се неизбежнни. Богатите се подготвуваат за Суперлига, заложбите на „малите“ се регионални лиги како Северна, Источна и, секако, екс Ју лига, проект што добива ветар во грб во УЕФА по изборот на Слловенецот Чеферин за нејзин нов претседател

 

Ново фудбалско обединување на регионот одамна не е само идеја туку многу повеќе од тоа. Проектот, се чини, добива силен ветар во грб по изборот на Словенецот Александар Чеферин за нов претседател на УЕФА и со него би биле опфатени клубовите од некогашната голема југословенска четворка (Партизан, Црвена звезда, Динамо Загреб и Хајдук) меѓутоа и клубови како Вардар, Олимпија, Сараево, Железничар. Од седиштето на УЕФА во Нион „протече“ информација според која најголемите, најбогатите клубови во Европа се подготвуваат за револуционерен чекор да направат сопствена Суперлига.

Мотивите, пред се, се финансиски и замислена е да биде пандан на моментната Лига на шампиони. Разликата би била во намерата во неа како гости да заиграат и некои екипи од Азија и Севера и Јужна Америка. Тоа би било еден вид на елитно ниво. Наредното под него би значело дисперзија на лиги по региони како оваа на клубови од поранешната СФРЈ за што сите регионални медииуми пишуваат. Потоа Северна лига во која би учествувале екипи од Белгија, Холандија, Данска (иницијатива на Копенхаген), Шведска, Финска, но и претставници од Шкотска, Лига на Источна Европа, средно-европска лига, итн.

Ова би значело дека Вардар ќе добие сигурна покана за настап во неа што беше дел и во минатото. Колку поскора реализација, толку подобро за општото добро на фудбалот на овие простори. Тоа би било мамка за враќање на публиката на стадионите, зголемен интерес, гостувања на Партизан, Црвена звезда, Хајдук и Динамо Загреб, меѓу другите, на „Филип Втори“, и навраќање на старите дерби натпревари. Во националните првенства, како што пишува белгградски „Блиц“ би играле клубови што не би биле во ранг на Суперлига или регионалните лиги.

Но, спортскиот мотив би останал со можноста за напредување во регионалните лиги или губење на статусот во нив и испаѓање во националните шамионати. Хрватскиот портал „Индекс“ нагласува дека реформите во европскиот клупски фудбал ќе дојдат многу скоро и неизбежни се. Затоа и „малите“ клубови се принудени да бараат решенија. Едно од нив е фудбалската лига на клубови од поранешна Југославија што, секако, би почнала со забрана за гостувања на навивачи од безбедносни причини.

Вардар Динамо Партизан СФРЈ фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.