Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА, ЛШ: „Петарда“ на Реал, Роналдо со две асистенции

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 08:45

„Кралевите“ ја совладаа Легија, како и се очекуваше, со 5:1, Лестер со максимален биланс, Порто со пресврт до три бода

Кристијано Роналдо ќе мора да почека до 100 гол во европските клупски настапи. Реал Мадрид броеше до пет против Легија во кои Португалецот учествуваше со две асистенции и без реализација. Бејл (16 минута), Асенсио (37 минута), Лукас (68 минута), Мората (84 минута) и Јодловиец (автогол 20 минута) беа стрелци за „кралевите“, Радовиќ (22 минута) од пенал го постигна единствениот за полскиот тим.

Борусија Дортмунд го совлада Спортинг во Лисабон со 2:1. Обамејанг (9 минута) и Вајгл (43 минута) им донесоа водство на „милионерите“ во првото полувреме, Сезар (67 минута) во второто успеа само да го ублажи заостанувањето на Португалците.

ЦСКА Москва не издржа докрај во дуелот со Монако (1:1). Русите поведоа со голот на Траоре во 34 минута, израмни Силва во 87 минута. На вториот меч во групата Б, Баер Леверккузен и Тотенхем одиграа без голови.

Лестер останува лидер во групата Г со максимален биланс по три меча. Англискиот првак на домашен терен го совлада Копенхаген с 1:0. Порто со пресврт во вториот дел го совлада Бриж со 2:1. Фосен (12 минута) обезбеди предност за Белгијците што во второто полувреме беше анулирана. Лајун (68 минута) израмни на 1:1, Силва во третата од продолжението погоди за три бода на екипата од „Драгао“.

Две победи на гостинските екипи изразени со 1:0 во мечевите од групата Х. Квадрадо беше стрелец за Јувентус против Олимпик во Лион, Насри погоди за Севилја во Загреб во дуелот со Динамо.

Лига на шампиони

Резултати, 3. коло

Група Е: ЦСКА Москва – Монако 1:1, Баер Леверккузен- Тотенхем 0:0. Табела: Монако 5 бода, Тотенхем 4, Баер Леверккузен 3, ЦСКА Москва 2.

Група Ф: Реал Мадрид – Легија Варшава 5:1, Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд 1:2. Табела: Борусија Дортмунд 7, Реал Мадрид 7, Спортинг Лисабон 3, Легија Варшава 0.

Група Г: Лестер – Копенхаген 1:0, Бриж – Порто 1:2. Табела: Лестер 9, Копенхаген  4, Порто 4, Бриж 0.

Група Х: Олимпик Лион – Јувентус 0:1, Динамо Загреб – Севилја 0:1. Табела: Јувентус 7, Севилја 7, Олимпик Лион 3, Динамо Загреб 0.

Кристијано Роналдо Легија Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.