Обама вчера остро го нападна републиканскиот кандидат Доналд Трамп, го замоли да не биде плачко и да престане да ги дискредитира претседателските избори во САД. Трамп заостанува во анкетите и изјави дека изборите ќе бидат наместени.
“Никогаш во мојот живот, ниту во модерната политичка историја, не сум видел претседателски кандидат кој се труди да го дискредитира изборниот процес пред изборите да се случат. Ова е без преседан и не е базирано врз ниту еден факт”, изјави Обама на прес конференцијата со италијанскиот премиер Матео Ренци. Обама го оцени Трамп како “неодговорен”.
“Почнувате да плачете иако партијата се уште не е завршена? Кога работите тргнат надолу за вас и гледате дека губите, вие вината ја фрлате врз некој друг. Тоа значи дека вие не се способни за таа работа”, додаде Обама.
И го посоветува Трамп да престане да плаче и да се обиде да ги одбрани своите ставови за да добие гласови.
Оваа критика е испратена непосредно пред третата и последна претседателската дебата помеѓу демократката Хилари Клинтон и Доналд Трамп закажана за четврток во 18 часот во американско време.
Трамп заостанува во анкетите по обвинувањата на десетици жени дека ги допирал и насилно ги бакнувал. Според Трамп ова се манипулации и лаги.