НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Караџоски: Судиите се загрозени од распитите на СЈО

0
By Влатко Чаловски on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски на денешната прес-конференција, се пожали дека медиумите вршеле притисок врз судската фела и дека било каков притисок од страна на медиумите врз судиите било спротивно на барањата на меѓународната заедница, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди.

Ова тој го изјави на денешната прес-конференција на која беа поканети и амбасадорите од меѓународната заедница а кои не дојдоа. Одговорајќи на новинарско прашање, дали тоа е знак дека тие не се согласуваат со начинот на кој судството функционира, Караџоски порача дека прашањето требало да биде упатено до нив.

– Правиме обид да го зачуваме сопствениот интегритет како судии и интегритетот на професијата, затоа што се прават обиди за оцрнување на нашиот општествен углед. Апелираме сите да се воздржат, изјави Караџовски, дополнувајќи дека судството во Македонија е назависно и нема никакви спреги меѓу владејачката партија и судиите.

Речиси секое новинарско прашање адресирано до него, претседателот на Судскиот совет го оценуваше како „несериозно“ и дека дел од прашањата биле политички констатации на новинарите.

Првиот човек на Советот, појасни и дека се почувствувале загрозени со тоа што СЈО повикало пет судии на распит од Управниот суд.

Претходно, Специјалното обвинителство задолжено за расчистување со индициите за криминал кои произлегоа од бомбите, во истрагите објави дека поведува постапка против Советот во Управниот суд кој направил злоупотреби при одлучувањето за изборите во Општина Центар.

На прашањето на „Сведок“, зошто Судскиот совет не реагирал во сите случаи кога Обвинителството за организиран криминал обвини и уапси десетина судии, или за апсењето на прекршочните судии, за Караџоски „тоа се случило во минатото“.

Првиот човек на Судскиот совет не одговори ниту на прашањата како може УБК да не спроведува судска наредба и дали на тој начин не се нарушува судскиот интегритет, бидејќи не можел да коментира изјави од телевизија, а во меѓувреме слушнал и други изјави дека УБК соработува со СЈО.

Тој отфрли и секаков коментар околу прислушуваните материјали, бидејќи, вели, не биле докажани.

Зоран Караџоски СЈО Судски совет судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.