НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На што ги трошат парите Ѓоковиќ, Федерер и Надал

0
By Нова ТВ on October 22, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјализираниот портал за тенис „tennisworldusa.org“ со приказна за работи на што трошат пари познатите тенисери

Тенисот е скап спорт. За да се успее во него е потребно многу време, нерви, макотрпна работа, откажувања, жртви и пред се пари кои може да се вратат многукратно во кариерата. Оние што го изминале тој трнлив пат, подоцна во животот, уживаат во плодовите.

Спортистите со рекет во рака се меѓу најплатените, покрај фудбалерите, кошаркарите и голферите. Сумата што ја заработуваат е вртоглава и од турнирски настапи и како заштитни лица во спонзорски договори. Сигурно се прашувате на што трошат пари? – Одговор на тоа дава „tennisworldusa.org“, специјализиран портал за тенис.

„Новак Ѓоковиќ во 2014 година и во 2015 година само од награди на турнирите заработи17,2 милиони долари и уште 31 милион долари од договори со спонзори. Во Србија поседува ланец на кафе барови и ресторани „Новак“ како и фирмата „Фемили спорт“ со хуманитарна дејност што е формирана во 2005 година. Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ е основана во 2007 година и се грижи за ран развој и образование на децата во неговата родна земја. Приходот од 750.000 долари што го освои на Мастерсот во Рим во 2014 година го донираше за жртвите на разорните поплави во Србија“, наведуваат Американците и продолжуваат:

unnamed-1

„Најдоброт светски тениски рекет во моментот обожува спортски автомобили. Во 2009 година плати 2,5 милиона долари за луксузна јахта. Неодамна го отвори и ресторанот „Еквита“ во Монте Карло“.

https://www.youtube.com/watch?v=nUVkUh6INis

Роже Федерер, од друга страна, е најплатен тенисер на планетата. Во 2014 година и лани заработи „само“ 9 милиони долари на турнирите на кои настапи. Но, затоа најголемата сума на неговото конто легна од спонзори од кои инкасира 67 милиони долари.

„Поранешниот прв светски рекет потроши 10 милиони долари за изградба на вила на езерото во Цирих. Поседува и пентхаус во местото Валбела на Алпите и супер луксузен стан во Дубаи каде и тренира. И тој има фондација што се вика „Роже Федерер“ која им помага на сиромашните деца во шест земји во светот и издвојува голема сума на финансии при случување на катастрофа во светот“, стои во текстот.

unnamed-2

Што се однесува до Рафаел Надал, во 2014 и во 2015 година Шпанецот имаше проблеми со повредата на коленото што му дозволи да „спечали“ 4,5 милиони долари на турнири и 28 милиони долари од спонзорски зделки.

„Надал има луксузна вила во Порто Кристо, место на источниот брег на Мајорка, како и во Доминиканската Република. Во 2007 година основаше фондација која, како и оаа на Федерер, им помага на сиромашните деца низ светот. Шпанскиот тенисер е силен поборник за зачувување на животната средина“, се вели во текстот на „tennisworldusa.org“.

unnamed-3

Новак Ѓоковиќ Рафаел надал Роже Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.