Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески: Не сум виновен, СЈО работи против ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 20, 2016 17:16


видеото е во сопственост на порталот А1Он

Според екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, прес-конференцијата на Специјалното обвинителство била без аргументи.

– Без никакви, ама баш никакви основи, ниту презентирани документи, вели Јанакиески.

Според него, целта на СЈО била во соработка со СДСМ да влијаат на изборите и силната поддршка на неговата матична партија.

–  Целта на СЈО е во соработка со СДСМ да влијае на изборите, но граѓаните на Република Македонија тоа ќе го препознаат и ќе дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме СДСМ и СЈО и во иднина да продолжат со оваа хајка против членовите на ВМРО-ДПМНЕ , додаде тој.

Тој потенцираше дека договорот за Сончев град не бил раскинат поради грешки на комисијата на Министерството за транспорт и врски, туку поради тоа што имало грешка во постапката од страна на Општината Сопиште.

– Комисијата што се формира во Министерството за транспорт и врски за спроведување постапка за оттуѓување градежно земјиште го има истото направено во согласност со законот. Договорот воопшто го нема раскинато Министерството за транспорт и врски поради грешките на комисијата, туку тоа се има случено врз база на одлука на Уставен суд, а тој утврдил дека има грешка во постапка од страна на Општината Сопиште. Министерството воопшто нема склучено спогодба како тоа што беше презентирано од СЈО. Имено, склучена е судска спогодба од страна на државното правобранителство, која содржи решение дека средствата треба да се исплатат, објаснува Јанакиески.

Јанакиески е обвинет во случајот на СЈО за насилствата пред Општина Центар за време на протестите во јуни 2013 година. Тој, исто така, е осомничен во истрагата на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Миле Јанакиески, исто како и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, обвинуваат дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Миле Јанакиески СЈО Сончев град
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.