Волкот „Забивака“ ќе биде маскота на светското фудбалско првенство во 2018 година. Русија, земјата домаќин на мундијалот, го промовира заштитното лице во текот на денешниот ден во Москва.
За „Забивака“ или во превод „голгетер“ гласаа 53 отсто во анкетата на интернет сттраницата на ФИФА во која учествуваа преку еден милион посетители. Во конкуренција беше и тигар кој доби 27 отсто од гласовите и мачка за која гласаа 20 отсто од анкетираните.
Сигурен сум дека волкот „Забивака“ ќе биде хит меѓу навивачите. Најпрво на Купот на конфедерации во 2017 година и една година подоцна на мундијалот, изјави Виталиј Мутко, министер за спорт на Русија.
Победничкото идејно решение е производ на дизајнерката Екатерина Бочарова.