НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: „Ураганот“ Вардар ја носи и Астраханочка

0
By Нова ТВ on October 29, 2016 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Победа и два бода е единствената мисла кај ракометарките на Вардар попладнево (15 ч.) во Астрахан, Русија, во дуелот со домашната Астраханочка во натпревар од третото коло во Б групата во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ се без Лекиќ и Суслина, но нивните отсуства нема да влијаат во намерата да останат со кренати глави и високо подигнати раце во спортскиот центар „Звездни“ за задржување на првото место во групата.

Вардарки имаат неочекувано реми со ФТЦ на стартот и убедлива победа над Лајпциг во второто коло. Играта и резултатот со германскиот претставник во групата дојде како „ветар во грб“ за македонскиот женски првак пред ова гостување, прво во сезоната. Самодовербата е крената, но внимателноста е, сепак, присутна бидејќи на спротивната страна е шампион на Русија кој заслужува респект без разлика во каква состојба се наоѓа. Загуби во Будимпешта меѓутоа, претходно, го совлада Лајпциг на домашен терен што впрочем ќе биде голем адут за составот на Андреевич од кој заминаа неколку ракометарки и тренерот Трефилов.

„Вардар е Вардар. Покажавме одредени слабости во првиот меч со Ференцварош што го завршивме со реми, се поправивме против Лајпциг. Одигравме според договорот и ги освоивме бодовите. Ако и денеска биде така и насоките што ги имаме ги спроведеме на терен, ние ќе бидеме тие што на крајот ќе се радуваме. Имаме респект кон Астраханочка, но фокусирани сме на нашата сметка, а таа се однесува на победа“, вели десното крило Радичевиќ.

Во втората половина од оваа фаза во ЛШ, ЖРК Вардар го очекува еден настап на домашен терен и уште две гостувања. Најпрво е реваншот со Астраханочка на 5 ноември во Скопје по што ќе следува патување во Германија во претпоследното коло (13 ноември) и во Унгарија во последното каде се очекува низ директен дуел со Ференцварош (19 ноември) да се одлучува победникот во групата Б.

 

Астраханочка ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.