Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Смртта на Фикри предизвика протести против власта во Мароко

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 31, 2016 18:58

Трагичната смрт на еден продавач на риба во Мароко предизвика бран големи протести во целата земја. Властите уверуваат дека ќе ги казнат виновните за смртта на продавачот.

На погребот на Мухсин Фикри, продавачот на риба, во неделата на 30 пристигнаа илјадници Мароканци во градот Ал-Хосеима на северот на земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=DP2qNdy8RGg

Фикри загина во саботата откако инспекцијата му заплени риба која, според правилата, е забранета за лов. Во обид да ја спаси стоката фрлена во камион за отпадоци, Фикри бил потфатен од механизмот на камионот кој ги меле отпадоците и загинал. Неговото загинување било снимено на мобилен телефон и потоа објавено на интернет. Видеото покажува дека Фикри загинал на ужасен начин а на снимките се гледаат главата и една рака закачени на механизмот на камионот. Снимките на интернет беа проследени во повици за протест во целата земја.

Во неделата вечер илјадници луѓе излегоа во центарот на Ал-Хосеима и скандираа: “Криминалци, убијци” , “Не го понижувајте народот”, “Сите се Мухсин” со слики на младиот човек. Но протести имаше и во Казабланка, Маракеш и Рабат, градови во кои ретко се протестира. Протестите во неделата минаа без инциденти.

Мароканските власти покажаа волја да ги казнат одговорните за трагичната смрт на Мухсин. Кралот Мухамед Шести, кој се наоѓа на пат во Танзанија, го испрати својот министер за внатрешни работи Мухамед Хасад да изрази сочувство до семејството.

Но протестите бараат оставка токму од овој министер и го обвинуваат за полициско насилство врз населението.

Може дури да се каже дека властите ги фати паника. Слична случка во Тунис во 2010 година беше фитил за почетокот на Арапската пролет. Еден продавач се самозапали како реакција на конфискацијата на неговата стока од страна на властите. Мароканската верзија на Арапската пролет и протестите се случја на 20 февруари 2011 година токму во градот каде загина продавачот на риба. Градот се наоѓа во провинцијата Риф, позната токму по протестите од Арапската пролет и регион кој често има несогласувања со централната власт.

Истовремено, власта стравува дека протестите можат да донесат проблеми токму сега кога во Маракеш се одржува меѓународната климатска конференција КОП22. Мароканската власт се надева дека токму овој познат настан ќе го поправи имиџот на Мароко на светската сцена.

На протестите имаше транспаренти на кои на меѓународните учесници на КОП22 со црн хумор им се порачуваше: “Добредојдовте на КОП22, ние овде мелеме луѓе”.

Мароканците, како и нивните претходници од Арапската пролет, протестите ги организираат преку социјалните мрежи.

Мароко протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.