Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трите прашања на Ременски до директорот на Агенцијата за вработување

2
By Нова ТВ on November 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 17:25

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски на денешната прес-конференција на која најави кривични пријави за дополнителниот заменик-министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Владо Поповски за злоупотреба на службена должност, му упати неколку прашања на Поповски во врска со работењето на Агенцијата за вработување.

Го повикувам директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија(АВРМ), наместо да бега од својата одговорност за негрижата за материјалните средства на АВРМ на јавноста да и даде одговор на неколку прашања“, рече Ременски.

1. Ако четирите возила кои му биле дадени на користење на дополнителниот заменик министер се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, зошто во април оваа година, регистрацијата и осигурувањето на возилата се на име на Агенцијата за вработување?

2. Дали е вистина дека постојат дупликат картички за гориво за овие возила. Едните на име на вработени во Агенцијата, со кои се полнело гориво на бензиските пумпи на „Пуцко Петрол“, а другите на име на лица од министерството со кои се полнело гориво на бензиските на „Макпетрол“? На пример, има осум фактури за гориво, од кои четири се потпишани од возачи од Агенцијата за вработување , а други четири од непознати лица.

3. Дали инцидентот на дополнителниот заменик-министер кој неовластено со ваша дозвола го користел возилото на Агенцијата, беше причина за викенд-работата на архивата и на други служби во Агенцијата за вработување, а веќе денес да продолжи со сериозни закани кои водат службени белешки за сето ова горе наведено?

НОВА го контактираше директорот на Агенцијата за одговор на овие прашања, но тој ни рече дека телефонски не дава изјави и сите прашања да му ги испратиме на мејл и во текот на утрешниот ден ќе ни биде одговорено.

Таа рече дека во време во кое судија праќа граѓанин во затвор за украдени осум тегли ајвар и дека законот мора да важи за сите исто.

„Денеска кога судија осуди лице на казна затвор за осум тегли ајвар, незамислива е леснотијата и силеџиството врз правото и законите што се обидувате да го направите за да ја избегнете одговорноста за вашето незаконско однесување. Законот мора еднакво да важи за сите граѓани“, рече Ременски.

Агенција за вработување Владо Поповски Диме Спасов Службени возила Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.