НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што по изборите: На прагот на новата транзиција

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Останува нивниот капацитет за притисок со низок интензитет, но, со лимитирани ефекти: опструкција на правдата за функционери чии што вербални коментари од бомбите веќе станаа дел од народниот речник; оштетената медиумска машина која служи за потсмев во обидот да покрие сообраќајка на поранешен министер;продолжено прислушкувањекое повеќе зборува за нив отколку за плановите на опозицијата;позајмените пари наменети за тн. сигурни гласачи каде лежи сета нивна надеж. 

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Прилично бавниот демократски развој на Македонија беше прекинат во два наврати: во 2001-та кога во системот беа имплантирани неколку позитивни елементи, иако, конфликтот ги закочи демократските процеси уште барем две години, додека клучните актери не се адаптираа на новите правила на игра, и по 2008-та кога започна градењето на класичен авторитарен систем со балканскафизиономија. Јасно е дека досегашното владеење на фамилијата се должи на драстичната асиметрија која постои помеѓу нив и опозицијата во  пристапот до трите столбови на “успехот”на секоја  автократија: ресурсите, медиумите и правдата. Во продолжение ќе се обидам да покажам зошто на 11 декември не очекува нов политички дисконтинуитет, овој пат за добро.

Бидејќи просторот е ограничен, накусо ќе ги изложам трите групи на фактори кои се решавачки за опстојувањето или падот нанашиот режим: странскиот фактор, кохезијата на власта и моќта на опозицијата, со цел, да укажам на нивниот различенквалитет во однос на било кои избори од 2006-та до денес.Меѓународниот фактор не игнорирашеизминативе 10 години со два исклучока: лесната медијација за“црниот понеделник” која, објективно, заврши со зацврстување на власта и тврдата медијација по “бомбите” која го креираше СЈО, што е најголема надворешна интервенција во нашиот систем по Рамковниот договор.

Иако прв го наведувам, меѓународниот фактор ќе има најмало влијание до изборите, меѓутоа, најголемо по нив. Имено, сосема независно од изборните резултати, комплетната прва постава на ВМРО-ДПМНЕ ќе замине во политичката историја, затоа што нашиот пат кон евро-атлантските интеграции повеќе нема примарно да зависи од спорот за името, туку, од ефектите на СЈО и специјалното судско одделение.

При тоа, влијанието на западниот фактор нема да биде балансирано од истокот, затоа што Грција и Србија биле и се поважни регионални партнери за Москва од нас. Во овој контекст, да не заборавиме дека три члена на најтесниот фамилијарен круг, лани поднесоа оставки, не заради масовните граѓански протести, туку под директен притисок на Берлин и Вашингтон, што е меѓународна интервенција, каква што, според императивноста, не е видена кај нас, вклучително и во 2001-та.

На внатрешен план, круцијален е балансот на силите меѓу режимот и опозицијата и туку се регистрирани значајни поместувања на двете страни. Кога се на врвот од моќта автократите применуваат тн. притисок со висок интензитет врз секој што јавно им се спротивставува, на пример, со полиција го “чисти” Собранието од опозиција и медиуми, специјалци затвараат телевизии, монтира процеси на истражувачки новинари, крие убиство на млад човек. Денес, ништо од ова повеќе не е можно. Останува нивниот капацитет за притисок со низок интензитет, но, со лимитирани ефекти: опструкција на правдата за функционери чии што вербални коментари од бомбите веќе станаа дел од народниот речник; оштетената медиумска машина која служи за потсмев во обидот да покрие сообраќајка на поранешен министер;продолжено прислушкувањекое повеќе зборува за нив отколку за плановите на опозицијата;позајмените пари наменети за тн. сигурни гласачи каде лежи сета нивна надеж.

Дури и процесот на кооптирање (да употребам културен  израз),односно, купување на опозициони политичари е практично запрен, не заради недостаток на пари, туку, заради кредибилитетот на лицата кои се нудат. Единствено, дотурот на пари во новите медиуми е засилен. Ако во 2013-та, според пресретнатите комуникации, околу 800 лица биле платени на дневна основа да ја  критикуваат опозицијата на социјалните мрежи, денес, според проценките, таа бројка изнесува околу 3000 активисти. Меѓутоа, неуспехот на власта е особено видлив токму на дигиталните платформи кои беа критични за пробивање на скандалозните сознанија од бомбите до 82% од македонските граѓани.

Вториот дел од равенката, капацитетите на опозицијата, овој пат, ќе треба да го  решат  исходот на  изборите. Да видиме и зошто. Почнувајќи од 2013/2014, граѓанското движење успеа да се омасови и да опфати многу повеќе поединци отколку стандардната бројка граѓански активисти кои со години му  пружаат отпор на режимот.Во исто  време, партиската опозиција е најширока по опфат, вклучително и десниот блок, дури и ако настапи во две колони.

Доказ за моќта на партискиот и граѓанскиот  сегмент е заедничкиот настап  на протестот од 17 мај 2015-та кој е најголемиот политички собир во историјата со масовно присуство на сите етнички заедници. Последно, не и небитно, опозицијата има двајца министри во ресорите кои се решавачки за предизборен балансво безбедносниот и социјалниот ресор каде што фамилијата  беше неприкосновена со години.

На крај, два збора за првиот отпор без кој немаше да биде можен ниту вториот. По своите специфики,  македонската пролет во 2013-та беше слична на тримесечниот српски отпор во зимата 1996/7 и не успеа од слични причини:контролата на дворот беше сеуште силна; меѓународниот фактор не даде децидна поддршка, а неколку опозициони фигури се повлекоа од борбата во пресуден момент. Денес, амбиентот е поинаков, а, опозицијата контролира мал, но, важен дел од системот. Постојат реални предуслови нашиот октомври да се случи во декември.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2016 опозиција СЈО Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.