Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трите одговори на Владо Поповски до Фросина Ременски

3
By Нова ТВ on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 12:42

 

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска за НОВА одговори на трите прашања кои министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски му ги упати на вчерашната прес конференција на која најави кривични пријави за него и за дополнителниот заменик министер Диме Спасов.

Прашање 1:

„Ако четирите возила кои му биле дадени на користење на дополнителниот заменик министер се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, зошто во април оваа година, регистрацијата и осигурувањето на возилата се на име на Агенцијата за вработување?“

Одговор 1:

„Агенцијата за вработување во ниту еден момент не изјави дека возилата кои се предмет на Ваш интерес се отуѓени или дадени на трајно користење, туку истите се отстапени на времено користење согласно склучениот Договор за меѓусебна техничка соработка. Оттука, неспорно е дека сопственик на возилата е Агенцијата за вработување“.

Прашање 2:

„Дали е вистина дека постојат дупликат картички за гориво за овие возила. Едните на име на вработени во Агенцијата, со кои се полнело гориво на бензинските пумпи на „Пуцко Петрол“, а другите на име на лица од министерството со кои се полнело гориво на бензинските на „Макпетрол“? На пример, има осум фактури за гориво, од кои четири се потпишани од возачи од Агенцијата за вработување , а други четири од непознати лица.“

Одговор 2:

„Полнењето на гориво за возилата на Агенцијата за вработување се врши со картички од „Пуцко Петрол“ (на бензинските пумпи за подрачјето на град Скопје, Кичево, Прилеп и Македонски Брод), како и со картички од „Макпетрол“ – кога се полни гориво на бензински пумпи надвор од горенаведените градови.“

Прашање 3:

„Дали инцидентот на дополнителниот заменик-министер кој неовластено со ваша дозвола го користел возилото на Агенцијата, беше причина за викенд-работата на архивата и на други служби во Агенцијата за вработување, а веќе денес да продолжи со сериозни закани кои водат службени белешки за сето ова горе наведено?“

Одговор 3:

„Во целост и најодговорно ги отфрламе како невистинити и дезинформации наводите дека Архивата на Агенцијата за вработување работела во текот на викендот, како и дека имало било какви притисоци врз вработените во институцијата.“

На вчерашната прес-конференција, Ременски рече дека не постојат договори со кои возила од Агенцијата за вработување му се префрлени на Министерството за труд и социјална политика. Според неа, и лани и оваа година, кога дошла како министерка, во министерството за труд и социјала направила попис на движни и недвижни ствари, а овие возила ги нема во ниту еден попис кој го направиле.

„Во Правилникот за управување со возила на Агенцијата за вработување не е предвидено Директорот да може да отуѓува возила, како и дека отуѓување на возила не може да се направи ако не е донесена одлука на влада. Таков документ во министерството нема“, рече Ременски.

Министерката повика Поповски и Спасов да си поднесат оставка затоа што го оштетиле угледот на Министерството за труд и социјала и на Агенцијата за вработување.

На обвинувањата на Ременски реагираа од Агенцијата за вработување и најавија тужба за навреда и клевета ако министерката во рок од 48 часа јавно не се извини.

„Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски, денеска одржа прес-конференција за медиумите која беше обид за црна политичка кампања која нема никаква поврзаност со реалните факти. Сите постапки за кои говореше техничката министерка се во рамки на законските процедури. Ја повикуваме во рок 48 часа јавно да се извини за изнесените лаги во спротивно ќе и биде поднесено тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, пишува во реакцијата на Агенцијата.

Во целата оваа преписка меѓу Ременски и Поповски, клучни се одговорите кои треба да ги даде Спасов, кој веќе неколку дена не се појавува во јавност.

Агенција за вработување Влатко Поповски одговори прашања Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.