НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопатничката на Спасов тврдела дека никој не ги бркал

1
By Соња Трајковска on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Т.К. сопатничката која била во возилото со дополнителниот заменик министер  Диме Спасов во петокот кога тој предизвика неколку сообраќајни прекршоци, за полицијата изјавила дека никој ниту го буткал возилото, ниту пак биле нападнати од некого, соопшти денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За сообраќајните прекрошоци кои Спасов ги направи со возило на Агенцијата за вработување ќе добие три прекршочни пријави

Пријавите се за тоа што го напуштил местото на настанот,  не постапил по барањата на полицијата и затоа што возел со неприлагодена брзина.

Спасовски рече дека постојат аудио и видео записи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било.

-Лицата кои го пријавија дополнителниот заменик министер Диме Спасов, цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 каде и пријавиле дека некој им го удрил возилото. Сите разговори се снимаат и се зачувани и според тоа може да се открие дека никој не му се заканувал или го тепал Спасов, изјави Спасовски.

Спасовски уште рече дека досега дополнителниот заменик министер не поднел кривична пријава против лицата кои наводно му се заканувале и биле опасни по неговиот живот, што според Спасовски не е логично, бидејќи ако некој ја загрозува твојата безбедност ќе поднесеш кривична пријава, а не само да даде поплака кога ќе дојде во полиција.

Спасовски ги отфрли обвинувањата на Спасов кој во интервју за ТВ Нова рече дека тоа што му се случило во петокот е криминално политичка местенка и дека дополнителниот заменик министер има лоши советници кои му даваат лоши насоки.

Министерот исто така рече дека пријава против полицајците нема ни во внатрешна контрола, која би требало да ги разгледува оние случаи за кои Спасов говори. Исто така, Спасовски информираше дека додека Спасов бегал со возилото, не застанал ни на повикот на полицијата, ниту пак на знаците кои тие му ги давале. Токму за ова се однесува едната прекршочна пријава.

Спасовски информираше дека ќе има санкции и против возачот на Диме Спасов М.Т. од Министерството за труд и социјална политика  кој во петокот вечер се обиде да го спаси својот шеф и во полиција се пријави дека тој го возел автомобилот со кој се направени неколку сообраќајни прекршоци.

Спасов денеска во интервју за ТВ Нова информираше дека не е виновен и дека бил нападнат.

„Во таква тензична атмосфера, каде што најпрво бев следен, потоа и на два пати по ред, на два обиди, се обидоа напаѓачите да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат. Потоа се обидов да бегам, бев нападнат и од лице коишто примени сила врз мене и впери оружје, впери пиштол во мене. Покрај тоа,  на напаѓачите коишто ме следеа, не беа преземени врз нив никакви мерки, односно следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме. Заклучив дека се работи за криминално-полициска конструкција, за смислена местенка којашто има за цел да го наруши мојот углед и да нанесе штета врз мене, а постоеше и опасност по мојата безбедност, меѓутоа опасност и по мојот живот“, рече  Спасов.

безбедност внатрешна контрола Диме Спасов Извештај МВР прекршочни пријави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.