Ниту смената на Франк де Бур не беше од помош на Интер да освои бод(ови) на теренот на Саутемптон во четвртото коло во Лига Европа. Премиерлигашот славеше на „Сент Мери“ со 2:1 за голем исчекор кон нокаут рундата.
На „нероазурите“ не им помогна ниту водството што го имаа со голот на Икарди во 33 минута, ниту одбранетиот пенал на Ханданович од Тадиќ во 45. Во нивни трагичар се претвори јапонскиот репрезентативец Јуто Нагатомо со чиј автогол во 70 минута „светците“ поведоа со 2:1 што го задржаа до крај. Ван Дијк претходно израмни на 1:1 во 64 минута.
Изненадување на вечерта приреди Османлиспор со победата (2:1) на гости кај Вилјареал, Карабаг на Муарем Муарем триумфира со 1:0 против ПАОК во Солун. Македонскиот инттернационалец беше стартер и на теренот мина 88 минути.
Лига Европа
Резултати, 4. коло
Група Г
Ајакс – Селта 3:2
Панатинаикос – Стандард Лиеж 0:3
Табела: Ајакс 10, Стандард 5, Селта 5, Панатинаикос 1.
Група Х
Брага – Конјаспор 3:1
Гент – Шахтјор Доњецк 3:5
Табела: Шахтјор Доњецк 12, Брага 5, Гент 4, Конјаспор 1.
Група И
Ница – Салцбург 0:2
Шалке – Краснодар 2:0
Табела: Шалке 12, Краснодар 6, Салцбург 3, Ница 3.
Група Ј
Фиорентина – Либерец 3:0
ПАОК – Карабаг 0:1
Табела: Фиорентина 10, Карабаг 7, ПАОК 4, Либерец 1.
Група К
Саутемптон – Интер 2:1
Спарта Прага – Хапоел Бер Шева 2:0
Табела: Спарта Прага 9, Саутемптон 7, Хапоел Бер Шева 4, Интер 3.
Група Л
Вилјареал – Османлиспор 1:2
Цирих – Стеауа 0:0
Табела: Османлиспор 7, Вилјареал 5, Цирих 5, Стеауа 3.