НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Динарица: Спасов лаже, не сме му се заканувале

0
By Нова ТВ on November 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Даут Динарица, еден од сопатниците во возилото „пасат“ кое во петокот вечер беше удрено од „туарегот“ со кој управувал дополнителниот заменик министер Диме Спасов, вели дека се што Спасов кажал во вчерашното интервју е лага, објави „Дојче Веле“.

„Одевме кон паркот кога не удри возило и наместо да застане, продолжи да вози како ништо да не се случило. Поради тоа, свртевме и тргнавме по него, за да му ја видиме регистарската табличка и да го пријавиме во полиција. Се јавивме, го пријавивме бројот на табличката и долго време бевме на телефонска линија со полицијата. Кога возачот запре на семафор, излеговме да му кажеме да застане и да се паркира настрана. Но, тој не застана. Тргна и покрај тоа што во тој момент стигна и полициско возило со ротациски светла. Притоа, не можеше ни да вози право по сообраќајната лента, туку цело време шеташе лево – десно, што укажуваше дека најверојатно е пијан. При тоа бегање удри уште едно возило“, раскажува Динарица.

Тој вели дека тие воопшто не ни знаеле кој е возачот што го удрил нивното возило, а дека станува збор за функционер во владата, дознале дури кога полицијата го легитимирала, откако излегол од возилото.

„Не сме му се заканувале на возачот со никакви пиштоли. По снимката што вчера ја објавија некои медиуми, беше речено дека лицата кои држат оружје биле оние од „пасатот“. Пиштоли си имаа полицајците. Истите тие полицајци и нас не легитимираа и не претресоа. Кај нас не најдоа никакво оружје. Кој сака може да го провери тоа во полиција, ако е целта да се дознае вистината. Но, од ова што го гледаме и слушаме, изгледа дека целта е да шират лаги, само за да се оправда постапката на Диме Спасов“, вели Динарица.

Вчера, на прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека има аудио и видео докази дека никој не му се заканувал на Спасов со пиштоли, а тоа го потврдила и Т.К. сопатничката на дополнителниот заменик министер.

Според информации на медиуми, Т.К. доцна вечерта во полициска станица го сменила исказот кој првично го дала во полиција.

Дополнителниот министер за труд и социјала вчера во интервју рече дека тоа што се случило во петокот е криминално политичка местенка и дека луѓето што го бркале му се заканувале со пиштоли и тропале по возилото.

Даут Динарица Диме Спасов исказ МВР полиција сопатничка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.