Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активисти: Не се отстранети причинителите за поплавите

2
By Нова ТВ on November 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 7, 2016 16:26

Три месеци од поплавите кои го зафатија Скопско, граѓанскиот активист Павле Богоевски, реагира за непреземената одговорност како и исплатата на трошоците.

– Зошто власта бараше ново задолжување од 36 милиони евра? За да исплати оштети кои не ги покриваат ниту најосновните трошоци на санирање на штетите? За да ја намали штетата врз својот рејтинг пред изборите? Или за да им додели уште една финансиска стимулација на своите фирми, склучувајќи договори во четири очи за санација на инфраструктурата, без распишување на тендер?, прашува Богоевски.

Тој смета дека градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски треба да одговори колку пари од средствата за „обесштетување на граѓаните“ се издвоени за фирмите блиски до партијата во договори во четири очи.

– Никој се’ уште нема преземно одговорност. Ниту за неодговорното работење кое резултираше со изгубени животи и огромни штети, ниту за патетичната некоординираност во периодот кој следеше по полавите. Овие луѓе мора да одговараат за својата неодговорност. Ниту едно оправдување за „виша сила“ или „водена бомба“ не може да ги избрише солзите на граѓаните, ниту да направи да заборавиме во чија надлежност беа нашите животи, беше нашата безбедност и нашата заштита и спасување, реагира тој.

Покрај Богоевски и граѓанските активисти Демијан Хаџи-Ангелковски и Александар Младеновски зборуваа на оваа тема во Стајковци.

– Санирана е само многу мал процент од штетата, а дополнително, не се отстранети ниту причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е изведено неквалитетно, а исто така е сомнителен начинот, односно приоритетот кој се дава за тоа како се асфалтираат и санираат улиците. Дополнително, минимална е поправката на обиколницата, а каналската мрежа ниту е исчистена, ниту се изградени нови канали за спречување на поплаван како таа која се случи во август, вели Хаџи-Ангелковски.

Младеновски вели иако бараните 36 милиони евра се веќе обезбедени преку нова еврообврзница, а не преку пренамена на средстства од некој од останите, непродуктивни проекти, Владата не обезбеди обесштетување на граѓаните.

– Во овие три месеци, исплатени се помалку од една четвртина од поплавените семејства. Сумите кои се исплаќаат се далеку под висината на реалните штети. Од терен има информации дека оштетите се делат по партиска линија, со цел ДПМНЕ да го зацврсти своето гласачко јадро во погодените подрачја. Се уште има семејства кои не биле посетени од Комисијата за процена на штети, реагира тој.

Во поплавите во Скопскиот регион загинаа 23 лица, а институциите се уште немаат излезено со официјална информација по истрагите за загинатите.

активисти поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.