Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Еден ден од одговорот со кој претседател ќе се разбуди светот

1
By Биљана Секуловска on November 7, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 7, 2016 17:07

Од Вашингтон, дописникот на НОВА, Биљана Секуловска

Синтија е вработена во јавниот транспорт. Таа е Афро-Американка и горда на своите корени, на своето потекло, на напорот кој го прави за да биде чесен, лојален граѓанин на американското општество.

Демократ е по убедување, таа ги подвлекува своите ставови како либерални- ги цени демократските вредности, еднаквоста, слободата, човековите права. Синтија, која ја сретнав во автобус и ја интервјуирав за нејзините ставови за изборите и за двајцата кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп, имаше униформа како работник во јавниот транспорт, токму заради работната облека, не можеше да ми го каже своето презиме, ниту пак да ми дозволи да ја снимам.

Но, затоа, инсистира дека Хилари Клинтон е најдоброто решение за оваа земја, за САД, еднакво како и за светот.

Како вели Синтија за Доналд Трамп- јас не му верувам воопшто, навистина се плашам, дури мислам дека е зол човек. Не би му дала да се приближи до нуклеарно копче, човеку, не знаеш што не очекува со него. Конечно, Трамп не е близок до интересите на средната класа, уште помалку на ниската, но погледајте му ги ставовите за абортусот- дури и да сте силувани, тој отфрла можност за абортус. Моите пријатели, моето семејство, сите ние сме Демократи. А Доналд Трамп мислам дека е идниот лидер на Кју Клус Клан, Синтија врти со главата и ми го шепка ова последново значајно.

И навистина, Синтија е претставник на пониската средна класа, но сосема е добро упатена и информирана за политичката борба и перспективите кои и се нудат со Клинтон и Трамп. Скоро еднакво свесна и информирана, иако се разбира не во детали, нијансите се сепак многу значајни, но суштината е погодена, блиски ставови како еден врвен интелектуалец- Елеонора Каранфиловска, поранешна македонска амбасадорка, дел од Кабинетотна претседателот Киро  Глигоров и поранешна новинарка.

Каранфиловска живее во Вашингтон, поточно во Чеви Чејс, Мериленд една деценија. Таа не само што е убеден Демократ, туку и е декларирана, запишана е како гласач кој е приврзаник на оваа партија.

eleonoraКако вели Каранфиловска- ја подджувам Хилари Клинтон не само заради тоа што сум Демократ, туку и застанувам зад се што таа се застапува. Трамп не го доживувам како кандидат на Републиканците, тој не ги претставува нивните ставови. Изненадена сум како дојде до оваа позиција, да биде нивен кандидат за претседател.

Кога станува збор за клучните поенти на политички ставови, инсистирам Каранфиловска да ги прецизира. Го става правото на жената на своето тело на прво место, право на абортус, она за што Хилар Клинтон се залага, она што Доналд Трамп го отфрла. Право на еднакво плаќање – родова еднаквост, тоа се позициите на Клинтон, Каранфиловска се фокусира на основните човекови права, како правото на прифатлива здравствена грижа. Кога би се објаснила поедноставно, се работи за правична здравствена грижа, иако точната формулација е прифатлива за сите граѓани, дури и за најсиромашните, кои не се финансиски моќни да плаќаат еднакво со средната класа, затоа градацијата во даночниот систем исто така е правична во политиките на Клинтон, како и правото на високо образование- бесплатно или прифатливо.

Каранфиловска говори и за правата на имиграцијата, фокусот на Клинтон е легализација на статусот на нелегалните имигранти и нивните деца. Сосема спротивно од политиките на Трамп. Тој најавува комплетно редефинирање на надворешната политика, на учеството на Америка и улогата во светските организации и институции, НАТО, ОН/ да се откаже од членство или да се редефинира оваа улога,  Повторно преговарање на трговските договори со партнерските земји за кои смета дека сега се на штета на САД.

Како вели Каранфиловска конечно- Трамп дури најавувашедека не би се воздржал да употреби нуклеарно оружје.

Нема концепт, таа го заокружува профилот на Трамп- туку нафрлање на запалливи идеи.

Затоа пак, подвлекува Каранфиловска: Клинтон ја гледам како континуитет на политиката на Обама. Но, без оглед кој ќе победи на изборите, гледам големи поместувања на политичката сцена во Америка- Републиканската партија ќе мора да се редефинира а Демократската да се врати на базичните постулати- демократските вредности.

Овие неколку денови направив неколку интервјуа со луѓе кои ја претставуваат т.н обична Америка и какво разочарување, не можам да наидам на човек како  случаен избор, кој би ги застапувал гледиштата на Трамп и конечно и би го поддржал. Треба да договорам такво интервју, но тоа веќе е поинаков концепт, наспроти случајниот избор кој ме става во недоумица- дали е во прашање Вашингтон, либералниот Вашингтон или пак се движам во тесен круг на луѓе, шест степени на поделба?  Но, интервјуирав такси возач од Етиопија, полицаец кој регулираше сообраќај од Вашингтон, студентка од Пакистан, богата банкарка… Каде се гласачите на Трамп? Во Пенсилванија, која е на граница на Мериленд, најблиското место е вистинското место за борба, едно од одлучувачките. Тоа е едно од изборните места кое ќе ни го даде одговорот- со кој претседател ќе се разбуди светот на 9 ноември.

Доналд Трамп избори САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.