Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како и лани, примената на Прибе извештајот услов за препораката

0
By Светлана Јовановска on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 8, 2016 22:26

Јоханес Хан, комесарот за проширување, во среда на пладне ќе го објави новиот извештај на Европската комисија (ЕК) за Македонија, нашите соседи од Балканот и Турција.

Како што пишуваше НОВА на 29 септември годинава, се очекува дека во среда, како и лани, Комисија да ја повтори условената препорака, условена со целосна примена на договорот од Пржино, фер и демократски избори и примена на Итните реформски приоритети т.е. извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе. Извештај кој нарекуваме “Прибе извештај” и кој ЕК го нарача откако изби скандалот на прислушуваните разговори во 2015 година.

Повторно условена препорака. Услов – добри избори, примена на Пржино и на Прибе извештајот.

Минатата година Комисијата вети дека ќе се наврати на препораката по изборите, па се очекува дека на почетокот на 2017 година ќе има нов извештај за Македонија.

Во овогодишниот извештај повторно ќе му се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Може да се очекува дека Брисел ќе им даде поддршка на барањата на СЈО за продолжување на мандатот за поднесување на обвиненија и за законот за заштита на сведоци.

Подготовката за изборите беше коректна и се очекува дека и изборите на 11 декември ќе бидат доволно кредибилни за да и овозможат на меѓународната заедница да даде позитивна оценка за изборите. Тоа би му овозможило на Брисел да направи нов извештај и да условената препорака да ја врати во чиста препорака како што тоа беше случај во текот на шест години.

Минатата година Комисијата вака ја формулираше својата условеност во препораката:

“Во светло на напредокот направен досега во примената на политичкиот договор од јуни и јули (2015 година), ЕК е подготвена да ја продолжи својата препорака за отворање преговори за членство со поранешната југословенска Репулика Македонија. Тоа, сепак, е условено со континуирана примена на политичкиот договор од јуни и јули и занаен напредок во примената на итните реформски приоритет. Ова прашање ќе биде отворено повторно по изборите”, напиша ЕК на 10 ноември 2015 година.

Комесарот Јоханес Хан вети дека прашањето ќе се отвори наново по изборите. Но бидејќи избори немаше, прашањето остана затворено.

Како и минатата година така и оваа, судството нема да добие многу пофални зборови а политичкото мешање во работата на судството не може да не биде забележано од страна во Комисијата.

Лани Комисијата напиша дека “ситуацијата назадува од 2014 година бидејќи успесите на реформскиот процес од минатата деценија се сериозно поткопани од актуелното и потенцијално политичко мешање во работата на судството. Индициите за злоупотреби кои произлегуваат од пресретнати комуникации треба да бидат целосно истражени. Властите сега треба да покажат вистинска политичка волја за да се обезбеди целосна независност на судскиот систем, што подразбира и непречена работа за новоименуваниот специјален обвинител во истрагата за прислушуваните разговори и нивната содржина”.

Според случувањата во земјата во текот на годината што изминува не е тешко да се претпостави дека и во овој извештај ќе се најде речиси истата критика.

Следните извештаи на Комисијата ќе бидат објавени на пролет 2018 година. Во меѓувреме е можен посебен извештај за Македонија доколку изборите бидат фер.

Извештајот на ЕК заклучува дека примената на Итните реформски приоритети не дала резултати. Нема сомнение дека и извештајот за 2016 година Комисијата може од збор да збор да го повтори овој заклучок.

Како што НОВА пишуваше на 29 септември годинава, по објавувањето на овој извештај ќе следи пауза од година и половина. Според новиот план на политиката на проширувањето, извештаите за Балканот и за Турција од есен се селат на пролет па извештајот кој ќе ја покрива 2017 година ќе биде објавен во март 2018 година.

2016 година Европска комисија извештај за напредок политичка криза Пржино СЈО судство условена препорака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.