Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар: Извештајот не е добар

0
By Нова ТВ on November 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 17:07

Задржувањето на препораката за преговорите е добрата работа, но извештајот во целина содржи многу критики за состојбата во земјата и за продолжената политичка криза, најголема од 2001, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес конференцијата во Скопје.

– Ќе почнам со позитивната вест, а тоа е дека повторно е дадена позитивна препорака со услов спроведување на Договорот од Пржино, организирање кредибилни избори и спроведување на реформските приоритети, рече Жбогар.

Одејќи во детали на Извештајот, евроамбасадорот рече дека тој не е добар, поради назадувањето во областа на владеење на правото, судството, недоволниот напредок во реформата на јавната администрација, поради то што корупцијата се уште преовладува во многу области, а неопходен е напредок и борбата против перењето пари. Како сериозен предизвик ја посочи и состојбата со медиумите, бидејќи како што рече нема различност и балансираност во известувањето.

– Има позитивно признание за улогата на специјалниот обвинител. Неговата канцеларија е воспоставена и има проактивна улога за истражување на случаите кои произлегоа од прислушуваните материјали. Специјалното обвинителство е дел од политичкиот договор и треба да продолжат напорите да има правна разрешеница. Парламентот, пак, мора да ја утврди политичка одговорност за прислушуваните материјали и за нивната содржина, изјави Жбогар.

Жбогар рече дека позитивно е тоа што политичките лидери постигнале изборите да се одржат во декември со што се поплочува патот за излез од политичката криза.

– Кризата трае премногу долго. Државните институции треба да ја вратат својата кредибилност, а ЕУ е подготвена да ве поддржи во трансформирањето на вашата земја во она што таа заслужува и сака да биде- демократско, динамично и просперитетно место што може да им понуди на своите граѓани стабилност и подобри перспективи за во иднина, нагласи Жбогар.

Исто така тој посочи дека граѓанските организации и натаму изразуваат загриженост за влошувањето на климата во која дејствуваат и ограниченоста на владата за дијалог и исто така за јавните напади од страна на политичари и провладини медиуми.

-Владата што треба да биде формирана по изборите на 11-ти декември, треба да ја искористи оваа можност и оваа условена препорака да ја претвори во без условна, рече евроамбасадорот Жбогар на прес конференцијата во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

годишен извештај за напредок ЕУ Жбогар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.